Македонија
(Видео) Божиновски: Симптоматично е укинувањето на куќниот притвор за пратениците од 27 април
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски за „Макфакс“ вели дека симптоматично е тоа што премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, пред два дена во Собранието повика на помирување помеѓу пратениците за немилите настани што се случија на 27 април, а веднаш потоа судот да донесе одлука за ослободување од куќен притвор за обвинетите пратеници.
„Имаме случај каде што пред два дена премиерот јавно повика на амнестија и веднаш истиот ден имаме одлука на судски органи со кои се пуштаат на слобода два пратеника од опозицијата, кои беа во куќен притвор, а ќе се решава и за третиот, што само по себе е многу симптоматично“, вели Божиновски.
Според него, доколку в петок пратениците што се ослободени од куќен притвор гласаат за потребата од уставни промени, би било доказ дека има силна врска помеѓу извршната власт и судството.
„Судството никогаш не се исправило во изминатите 27 години, но она што беше еден од главните концепти на новата власт е дека ќе се реформира судството, ќе се почитуваат сите препораки на Прибе и дека со тоа ќе се приближиме кон ЕУ. За потсетување, првите поглавја, 23 и 24, од преговорите, кои треба да се отворат, се токму за судството и за создавање професионална судска практика и градење доверба кон тој судски систем“, рече Божиновски.
Во однос на тоа дали е оформено двотретинско мнозинство за изгласување на потребата од уставни промени, Божиновски вели дека само владејачкото мнозинство, односно оние што преговараат го знаат одговорот на тоа прашање.
Според академскиот професор и аналитичар, решение на проблемот со договорот со Грција може да се изнајде само во изнаоѓање двотретинско мнозинство, но доколку не се случи тоа и се оди на предвремени избори, договорот со Грција ќе биде практично мртов и ниту една идна парламентарна гарнитура нема да изнајде начин за имплементирање на договорот.
„Доколку се распишат нови избори, тоа ќе биде моментот кога секаква можност за спроведување на договорот помеѓу Македонија и Грција ќе биде на некој начин пропадната. Шансата за постигнување договор е само преку можноста да се изнајде двотретинско мнозинство. Доколку тоа не се изнајде сега со овој состав на парламентот, воопшто не треба да се очекува дека со некој друг парламент, по избори, тоа ќе биде постигнато. Ако сакаме да се постигне договор помеѓу Македонија и Грција, во моментот до избори не смее да дојде. Дента кога тие избори би биле распишани, ќе значи крај за таквиот договор и за неговата имплементација“, вели Божиновски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

