Контакт

Македонија

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Објавено пред

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека не верува оти денеска во Софија ќе биде постигнат некаков договор.

dobivaj vesti na viber

„Денес ќе имате многу состаноци. Убеден сум затоа што ги познавам луѓето што ќе ги сретнете, особено Радев, дека тие ќе ви кажат оти без парламент ништо не може да се стори. Сегашната привремена влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор ако не го сакаат нашиот. Но, тие ќе бегаат од одговорноста како и секогаш. Во исто време евро-атлантските партнери лажат дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“, рече Борисов.

Според Борисов, ако не се најде решение меѓу двете земји, ќе се мразат генерации млади Бугари и Македонци.

„Ако не најдеме решение, генерации Бугари и Македонци ќе се мразат едни со други“, рече тој.

Сепак, Борисов изрази надеж дека привремениот кабинет на претседателот Румен Радев ќе ја стави одлуката за европската интеграција на Северна Македонија на следната седница.

Заев, придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска е во посета на Софија. Како што соопштија од Владата, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Посетата на Софија почна со средбата со Борисов.

„Нашите народи се многу блиски и насочени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите. Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Бојко Борисов со кого изразивме желба како континуитет на претходните позитивни искуства со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан“, напиша Заев на „Фејсбук“ по средбата.

Тој додава дека Софија има особено значење за македонската интеграција бидејќи таму биле поставени контурите на договорот од Преспа за време на ЕУ-самитот за Западен Балкан во 2018 година.

„Како чекор кон градење пријателството и доверба, добредојдена е идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од двете земји за да разговараат за заедничката иднината. Тоа е наша обврска како политички лидери – да бараме решенија за младите и нивната иднина“, напиша Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Колони возила на Богородица се чека и по еден час

Објавено пред

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција.

dobivaj vesti na viber

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се препорачува прилагодена брзина на движење поради можна појава на одрони

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат утрово од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев за ЗНАМ и Максим Димитриевски: „Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан“

Објавено пред

,Сме си ја ставиле главата во торба кога се спротиставивме на УЧКИ, ДУИ, рекетари, мафијаши. Но ние трчаме маратон, нашата борба е долга. Нашите баби ги даваа своите деца, бидејќи немаа пари. Ги пуштаа да бидат партизани и така изградиле држава. Нема да дозволиме УЧК-ите да ни ја земат”, порача Димитар Апасиев од митинг во Охрид.

dobivaj vesti na viber

,,Нашиот народ е борбен народ. Левицата е борбена. Ќе влеземе внатре и тоа ќе го осетат и Таљат, и Таче, и Мицко и сите останати. Со 7, 8, 10 пратеници, ние ќе сме силата што ќе го пасокизира СДС. Вака како што тргнало, со Таче, под 20 ќе паднат”, рече Апасиев.

За ЗНАМ и Максим Димитриевски, Апасиев истакна дека „Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан“!

На митингот во Охрид се обрати и Јована Мојсоска, носител на листа на ИЕ 5 која истакна дека влезот на двајцата пратеници во Собранието покажал како треба да се води вистинска левичарска опција, за разлика од т.н. социјалдемократи кои изминатиот мандат ги распродале сите АСНОМ-ски идеали.

,,Мене ми е малце дегутантно кога слушам дека некој ќе го праќал ДУИ во опозиција. Тие имаа можност да ги пратат ДУИ во опозиција тука во советите, но сите бевме сведоци како се продаваше Мауцер и како локалниот шериф Нефи Усеини гради дивоградби, а градоначалникот молчи. Дури и ја сруши плочата на АСНОМ за која градоначалникот, исто, мудро молчи. Со Левица на власт ќе ја срушиме дивоградбата на Нефи и ќе ја вратиме плочата на АСНОМ”, истакна Мојсоска.

Мојсоска истакна и тоа дека Левица како единствена работничка партија е противтежа на анационалната олигархија која беше креирана во 90 – тите.

,,Нашата борба во Собранието е единствената причина зошто денес немаме Бугари во устав. Да не беше Левица, ние ќе гледавме фашистички клубови во секој град во државата. Ние ниту сме во спрега со моќниците кои се поврзани со секоја власт, ниту сме уценети и затоа нашите политички непријатели знаат дека со нас не се преговара за непринципиелни работи“, истакна Мојсоска.

Додека ја обвинуваат Левица дека е во коалиција со СДС и ДУИ, само против Талат Џафери Левица има поднесено девет тужби кои, како што истакна Мојсоска, се чуваат во фиока.

,,Само ќе спомнам против кои звучни имиња Левица поднела кривична пријава: Шкодране Дардишта, Бенито Јошевски, Артан Груби, Сали Мурати, Оливер Спасовски, Беким Максути и многу други. И Левица ќе биде факторот против бугаризацијата на Уставот додека одродените социјал-демократи ќе завршат на буништето на историјата”, рече Мојсоска.

,,Иако имаше обид од страна на бугарски структури да го воскреснат неофашизмот кај нас со отворање на клубови со фашистички наративи, ние не паднавме во духот. Напротив кога ги отвораа клубовите ,Ванчо Михајлов’ и ,Цар Борис’ се собравме и на бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука. Особено, не по диктат на буржоазијата која купува национален идентитет и историја за ситни пари кои носат крупни гревови. Секогаш сме биле на вистинската страна, секогаш со нашето присуство, каде и да се појавиме, часовите им се избројани”, рече Горан Велевски, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Колони возила на Богородица се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет35 минути

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет46 минути

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет1 час

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија1 час

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија13 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија13 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија13 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија14 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија17 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија18 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија20 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија21 час

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија21 час

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија22 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион23 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет24 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија1 ден

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија1 ден

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија2 дена

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...