Македонија
(Видео) Бочварски: Преку нов предлог-закон го продолжуваме процесот на легализација
Mинистерот за транспoрт и врски Благој Бочварски рече дека сакаат да го продолжат рокот за легализација преку нов закон, за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура тоа да го сторат.
Бочварски ова го истакна при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.
„Според новиот предлог-закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно – комуналии – и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти“, рече Бочварски.
Според него, за бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог-закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја.
Тој напомена дека првично со овој предлог-закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците.
Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.
„Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот клинички центар, изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
На новинарско прашање за изградба на клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

