Македонија
(Видео) Владата го почна процесот за воведување на медиумската писменост во образовниот процес
Владата во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), со поддршка на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), денеска, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ организира дебата со наслов „Воведување на медиумската писменост во образованието“, на која учествуваа голем број ученици, професори, претставници на граѓански организации и експерти од оваа област.
Говорејќи за суштинското значење на медиумската писменост и медиумската култура, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, истакна дека употребата на модерните, социјални медиуми, интернетот, кои денеска се одлика на секој млад човек, го отвора прашањето за тоа како информациите се прифаќаат од оние што ги примаат и дали тие се проверуваат.
Тој образложи податоци, според кои, од 86 проценти од домаќинствата што користат интернет, 73 проценти се изјасниле дека тоа го прават секојдневно, 83 проценти од популацијата што користи интернет не ги проверува фактите што ги прочитале.
„Тоа го отвора прашањето да најдеме начин на граѓаните да им помогнеме, да ги информираме, дека треба да ги детектираат дезинформациите и лажните вести со кои секојдневно се бомбардирани“, рече министерот Поповски.
Како што рече, од една страна, интернетот носи брза комуникација, отвореност и пристапност, заштита на слободата на изразување и на сите човекови права, но, од друга, интернетот може да значи радикализам, национализам, говор на омраза и напад на секоја единка и целото општество.
„Лажните вести се оценуваат како современо оружје за масовно уништување со таргет на семејството, пријателите, заедницата и тоа претставува глобален проблем“, додаде Поповски потсетувајќи дека и денешната дискусија и вклучувањето на сите релевантни институции и фактори, ќе помогне во изнаоѓање решенија и модули за зајакнување на медиумската писменост и култура не само кај младите туку и кај постарата популација.
Министерот за образование и наука, Арбeр Адеми, во своето обраќање се задржа на важноста на системот на формалното и неформалното образование и неговата структурна поставеност на генерациите што се стекнуваат со креативни, информатички, претприемачки и други вештини во текот на своето школување.
,,Владата се труди националниот образовен систем да биде сеопфатен и, секако, постојано ажуриран, од аспект на следење и воведување на најновите глобални образовни трендови и текови на национално ниво“, истакна министерот Адеми посочувајќи дека фокусот е на креирањето квалитетен механизам во рамките на образовниот систем, кој медиумски ќе ги описменува учениците и ќе создава индивидуи кои уште од рана возраст ќе знаат да препознаваат лажни вести и критички ќе ги селектираат информациите препознавајќи манипулации и правејќи разлика за она што е вистинито.
Претставникот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, политичкиот советник Феручо Бого, ја истакна поддршката што ја дава Европската Унија по ова прашање и ја истакна важноста да се разговара за интернетот како средство за комуникација и за потребата да се информира за концептот на медиумската писменост, односно да се јакне способноста за откривање на вистинските вести притоа почитувајќи ги основните вредности на општеството.
„Mедиумската писменост заедно со писменоста како базична јазична компетенција во најопшта смисла на зборот одат во прилог на целокупното развивање на младите личности, кои се формираат во рамките на образовниот процес“, рече директорот на Бирото за образование, Зекирија Хасипи, осврнувајќи се на начините на кои нашиот образовен систем се справува со темите од медиумска писменост и како ги создава знаењата и вештините кај нашите ученици.
Присутните наставници, професори и средношколци покажаа голем интерес за темата и ги изнесоа своите критички размислувања за унапредување на наставните програми, учебниците и образовниот систем сугерирајќи како да се коригираат одредени недостатоци.
Владините претставници изразија задоволство од отворената дебата констатирајќи дека јавните дискусии се организираат за да се чујат ставовите на сите инволвирани со цел да се најдат најдобрите заеднички решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

