Македонија
(Видео) Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС – ДУИ и од Костадиновска, и оваа година ќе се одржи Вевчанскиот карневал
Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, вели Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.
Според него, Вевчанскиот карневал е во постапка да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Оценува дека карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А Вевчанскиот карневал, како што вели, останува без помош од Министерството и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки. До пред две години Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на Министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал. И покрај опструкциите од СДС – ДУИ и од Костадиновска, и оваа година ќе се одржи Вевчанскиот карневал“, потенцира тој.
Вевчанци, како што вели, нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Дополни дека локалната власт, предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација.
Ги повика граѓаните од 12 до 14 јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што, како што рече, директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

