Македонија
Муцунски: Стагнацијата на најурбаната скопска општина веќе е минато
„Почитувани сограѓани, изминативе 365 дена поминаа турбулентно, но ги исполнивме очекувањата на граѓаните. Покажавме дека сме поинакви во секој поглед и на секој начин, она што го ветивме – го реализиравме, а она што сакавме да го постигнеме – го постигнавме. Стагнацијата на најурбаната и најголема скопска општина Аеродром веќе е минато. Сега чекориме забрзано напред повторно да испишуваме стандарди“, изјави во своето обраќање градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски истакна дека се покажа дека можело поинаку, а сега се испишуваат нови стандарди во креирањето на новиот буџет и проекти за идната година, каде што се дава приоритет на граѓаните и нивните потреби во корелација со ветената програма.
„Преку отворениот повик за проектирање на буџетот стапивме во контакт со стотици граѓани, кои ги кажаа своите идеи. Во 2023 година ќе реализираме доградба и надградба на две основни училишта, ‘Блаже Конески’ и ‘Гоце Делчев’. Образованието е најважна алка во иднината на секоја општина“, рече тој.
Муцунски посочи дека дополнително ќе се вложат над 30 милиони денари во улична инфраструктура и решавање на еден од поголемите проблеми изградба и обезбедување нови паркинг-места.
„Особено ми е драго што најдовме заеднички јазик со господинот Мартин, кој долго време настојуваше да изградиме парк зад ТЦ ‘Лиса’. Се заблагодарувам и се обврзувам дека ќе го реализирам во 2023 година. Ветивме и реализираме, поставуваме стандарди и испишуваме заедничка историја ние и граѓаните. Општината е на граѓаните, тие ја водат, јас сум само нивен извршител и вработен што го изгласале на избори од оваа канцеларија да работи за нив. Не сме сите исти. Некои работеа за себе, ние работиме за граѓаните, промените се случуваат. Заеднички за промени, кои се реалност“, истакна Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Села: Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии
Зијадин Села од Алијанса за Албанците во интервју за Трилинг по изборите и изборните резултати и случувања, вели дека се работи за изборен инжинеринг и закрупнување на неколку политички сили. Според Села, не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии.
„Тука се најглавните албански партии. А дали сме подготвени за во опозиција, по демократските правила, тоа не го кажувааат политичките чинители, тоа го кажува народот, кој гласаше на 8 мај за Европскиот фронт да презема одговорности и да биде дел од власта“, вели Села.
Тој смета дека „погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, треба да е мандатар со победник. Победникот од македонската страна е дефиниран со Устав. Демографската реалност е за да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората етничка заедница која е 30%, наспроти 54% кои се Македонците, според последниот попис“.
Додава дека Владата треба „да се изјасни во врска со обидот за изборен инженеринг. Според Пржинскиот договор, на техничкиот премиер е да обезбеди фер и демократски избори. Тие не се надвор од одлуките кои се носат во ДИК и Управен суд. Техничката влада е договор на најголемите политички партии“.
За тоа како Европскиот фронт ќе се однесува како опозиција во Собранието, Села вели „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.
Македонија
Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.