Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за граѓаните и носи неуставни закони
СДСМ не се грижи за реалните потреби на граѓаните, туку носи неуставни закони во неделовничка процедура само за да се одржи на власт, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
„Да беа заинтересирани за граѓаните пари ќе насочуваа кон изградба на нови градинки, патишта, повисоки субвенции за земјоделци и проекти од кои интерес ќе имаат и Македонците и Aлбанците, но и Ромите, Турците, Србите, власите и сите останати. Наместо за подобрување на стандардот, СДСМ сака да ги троши парите на граѓаните за зголемување на јавната администрација, удвојување на преводите и архивите на два јазика, менување на табли и изготвување на нови двојазични униформи и бaнкноти“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денска пред Министерството за финансии.
Опозициската партија тврди дека, СДСМ и Тевдовски ги кријат вистинските трошоци по буџетот доколку се реализаираат одредбите во Законот и не кажуваат колку тие ќе ги чинат граѓаните на месечно и на годишно ниво.
„Граѓаните гледаат како економијата тоне, а ваквите дополнителни оптоварувања само ќе ја влошат состојбата. Овој Закон за двојазичност освен што излегува од рамките на Уставот и на Рамковниот Договор, за што впрочем предупредува и експертската јавност, освен што е донесен со прекршување на законите и на деловникот, освен што е неприменлив и ќе предизвика дисфункционолност на институциите, ќе предизвика и големи финансиски импликации“, велат тие.
Според нив СДСМ и владеачкото мнозинство за тоа што ја погазија демократијата и институциите на државата мора и ќе сносат последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

