Македонија
(Видео) Во Собранието има пратеник од УДБА, кариера изградил за државата да не биде во ЕУ, обвини Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски, без да каже име, обвини пратеник од Собранието дека бил дел од југословенска тајна разузнавачка служба и полиција УДБА, а кој не сака да ја види Македонија како дел од Европската Унија. Тој рече дека само младите политичари може да ја однесат државата кон прозападниот свет.
„Мене не ме зачудува кога ќе видам 80-годишни политичари во нашата држава и во соседните, кои уште го застапуваат тој концепт да не се градат коридори и да има кавга меѓу државите. Зошто? Тие така ја изградиле кариерата. Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има? Да ја види државата во ЕУ? А бе тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари ,кои виделе што сакаат новите генерации“, рече Ковачевски.
На прес-конференцијата зборуваше и за посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти. Рече дека тој и косовскиот премиер, кој вчера најави изградба на пат од партиското седиште на ДУИ, може да се среќаваат со кого сакаат, но изградбата ќе ја прават двете влади. По примерот на вицепремиерот Артан Груби, и премиерот Димитар Ковачевски рече дека Курти бил злоупотребен од градоначалниците на Тетово и на Чаир, Билал Касами и Висар Ганиу.
„Овој пат е идеја од многу поодамна од посетата на премиерот Курти на општините Чаир и Тетово. Мислам дека човекот беше злоупотребен во дневнополитички цели од овие двајца градоначалници, кои сакаат да се етаблираат на политичката сцена. Кога се крена дискусија во државата, ги видовте изјавите, дека сите држави во Западен Балкан мора да соработуваат меѓу себе. Почнаа да зборуваат за големи држави овде. Овде има две држави, дел од најголемиот сојуз НАТО. Архаичните концепти од времето на националромантизмот, за големи држави, се завршени на Балканот. Тоа го кажа и американскиот амбасадор во Косово. Тоа ќе ви го кажат јасно и генералниот секретар на НАТО и друг политичар на таков ранг. Ние сме земја членка на НАТО“, додаде Ковачевски.
Претходно, посета на Македонија имаше Курти. Додека тој стоеше во Тетово позади него се вееше знаме на т.н. „голема Албанија“. Неговиот пречек во Тетово и Чаир беше без македонско знаме и македонска химна, спротивно на законот, за што има и прекршочни пријави. Вчера пак, во Македонија дојде косовски министер кој со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од партиското седиште во Мала Речица најавија изградба на патот кон Призрен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.
Македонија
СДСМ: Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава
Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.
– СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат. Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите. Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата. Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани. Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад, – додаваат од партијата.