Македонија
„Каде исчезна Бочварски на вчерашната посета на косовскиот министер за транспорт и врски“, прашува Левицата
Левицата јавно бара објаснување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и премиерот Димитар Ковачевски за одлуките и најавите по вчерашната средба помеѓу косовскиот министер за транспорт и врски и пратеникот Али Ахмети.
„Во кое својство е Али Ахмети на оваа средба, кои ингеренции ги има или му се преќутно дадени? На чија покана дошол косовскиот министер за транспорт и врски во Тетово да се сретне со Ахмети? На што се должи молкот од страна на македонскиот министер за транспорт и врски Бочварски?
За кој и каков пат се работи меѓу Тетово и Призрен преку Шар Планина, која е заштитен национален парк со ендемски видови? Кои, какви и во кој состав се наводните меѓувладини екипи, кои сериозно работат на проектирање на тој пат“, прашува Левицата.
Од таму велат дека и претходно реагирале дека Владата ја избрала најскапата варијанта како решение за трасата на долго ветуваниот автопат Тетово – Призрен.
„Косовската страна своевремено излезе со проценка дека нивните трошоци за изградбата може да достигнат 150 милиони евра, но за нештата кај нас да бидат уште поматни, во Македонија властите никогаш не дадоа конкретна бројка за тоа колку ќе чини изградбата.
Наместо Бочварски да се крие од јавноста додека Ахмети држи прес-конференции во улога на министер за транспорт и врски, треба да даде одговор како, зошто, по чија препорака и во чиј интерес е донесена ваквата одлука – особено поради фактот дека Република Македонија е поврзана со Косово преку неколку патни правци, па поради тоа инвестиции во нов автопат со дискутабилна економска исплатливост се бесмислени“, соопшти Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.