Македонија
(Видео) Георгиевски: Се бориме за УНЕСКО и ќе се избориме

Тоа е голем предизвик со бројни болни мерки за решавање, но мора да го спроведеме, мора да го задржиме статусот на Охрид во УНЕСКО истакна охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“.
Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека и покрај големите долгови кои на општината и ги остави претходната локална управа на ВМРО-ДПМНЕ од 1,6 милијарди денари, реконструирани се Кејот Македонија, булеварот Туристичка, улиците АСНОМ и Егејска и сменети се покривите на четири училишта во Охрид.
Сега следува развитокот на градот нагласи Георгиевски, најавувајќи дека наскоро ќе започнат бројни проекти, од кои ја издвои целосната ренострукција на улицата Емин Абас, со изградба на водовод, фекална и атмосферска канализација, како и новиот влез во Охрид од страната на Битола.
Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно Охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.