Македонија
(Видео) Димитриевски до Џамбаски и Костадинов: Од Македонец Бугарин не бидувa

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски од Бугарија се огласи по вчерашните провокации од страна на бугарски политичари во центарот на Скопје, за време на чествувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.
„ По повод вчерашните олигофренски* изјави на двајцата европратеници од БНД соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив двајцата, а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија.
Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска, а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин а најмалку пак Грк. Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот. Една порака и до власта – Вашиот молк е повеќе и од срам!, во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети. Слава и на македонката Бунева! “, истакна Димитриевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.