Контакт

Македонија

(Видео) Доведете ги во ред или сами ќе се пресметаме со извршителите, порачаа граѓаните

Објавено пред

Стотици граѓани изгорени од извршителите денес на протест го искажаа револтот од законската пљачка што им е направена. Првомајската скара ја заменија со мирен марш од МРТВ до Влада со кој бараат итно одблокирање на неуставно блокираните сметки, измени на Законот за извршување кои нема да бидат само шминка и враќање на извршителите во рамки на судовите.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите пред Влада на разглас пуштија аудиоснимка од ветувањето на премиерот Зоран Заев пред изборите дека ќе ги укине извршителите оти на народот само душата му останала, за да го потсетат дека се уште не го исполнил ветеното.

„На денот на трудот, на Први мај се собравме Конфедерациата на независниот синдикат на Република Македонија и уште три граѓански здруженија со цел промена на Законот за работни односи и промена на Законот за извршување. Не сме задоволни од двата закона. Посебен мотив денеска е Законот за извршување каде што се опфатени сигурно над 100.000 луѓе од Република Македонија, над 50.000 луѓе се блокирани. Итно бараме одблокада на трансакциските сметки на физичките лица на Република Македонија бидејќи ова е вистински геноцид врз народот. Луѓето не можат да си ги извадат своите пари, живеат од денес за утре. Втора мерка која ја бараме е буквална промена на Законот за извршување, а не шминкање на веќе постојниот Закон кој е противуствен, нечовечки, кој им одзема живот на луѓето бидејќи одзема цела третина од плата или пензија, а знаеме колку се просечните плати и пензии во Република Македонија. Третото барање е да се вратат извршителите во рамките на судската власт бидејќи досега беа во рамките на извршната власт и станаа тешки капиталисти. Овде сме да го означиме почетокот на класната борба, да ја потенцираме класната борба, бидејќи навистина се создадоа големи класни разлики. Од една страна вистински пребогати капиталисти од друга страна огромна бројка на луѓе екстремно сиромашни, под прагот на европска сиромаштија и стандард “, порача Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.

Протестот против извршителите го поддржа Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Претседателот Марјан Ристевски побара Владата да го реши проблемот со извршителите за да не почне народот да го решава со свои методи. Тој им порача на политичарите дека е крајно време да почнат да ги почитуваат работниците и нивните права.

„Немаме намера да потпишуваме срамни колективни договори. Ако треба ќе се бориме до бесвест, ќе преговараме и дење и ноќе, ќе го потпишеме колективниот договор само тогаш кога ќе ни ги гарантираат работничките права, кога ќе го ценат работничкиот труд. Од овде им порачувам и на извршителите, почнувајќи од денеска, нема повеќе да работиме, нема повеќе да дозволиме ни денар да земат од нашата плата. Ние работниците работиме чесно, чесно си ја заработуваме платата и таа е за хранење на нашите семејства, немаме намера ни денар повеќе да дадеме од нашиот труд за туѓи фамилии. Извршителите се најголемото зло кое е случено во Македонија. Некој им дозволи. Ќе им застанеме на патот, јавно им порачувам, не им се плашиме. Апел до Владата, да ги доведат во ред, да донесат закон кој што е правичен, во спротивно од овде порачувам доколку вие не ги средите, ве уверувам дека ќе почнеме сами да се пресметуваме со нив. Начинот каков ќе биде, ќе ви го соопштиме. Со нивната досегашна политика дозволија Македонија, македонските граѓани, младината секој ден да прави егзодус. Мора тоа да го сопреме. Мора Владата да бира дали стотина извршители или стотици илјади млади. Се надевам ќе ја одберат правата страна“, порача Ристевски пред Влада.

За време на говорите се слушаа аплаузи од насобраниот народ, во еден глас се извикуваше „лопови, лопови“, се слушаа свирежи при секое спомнување на Владата, а демонстрантите носеа транспаренти со различни пораки преку кои  се обраќаат на властите.

Граѓаните искористија дел од вниманието на медиумите за да си ги раскажат маките со извршителите. На протестот секој  имаше различна приказна, но насекаде се слушаа огромни суми наспроти минорниот реален долг.

„Од 2010 до 2017 година јас сум социјален случај. Од 2010 година, самиот го откажав парното. Ми доаѓаше сметка од 600 денари. До 2017 година не плаќав. Сега сум во пензија и ми ја блокираат сметката. За три месеци јас плаќам по 9.800 денари, една третина ми одбиваат. Една година има четири рати, по 9.800, колку е тоа? Цел живот треба да се плаќа. Оваа држава не била и нема да биде. Сум бил и социјален случај, 1100 денари, кога стигнав до 2200, отидов во пензија. Сега треба да ги плаќам тие сметки. Народот треба да се освести, треба сите да излезат на протест. Мечката игра кај мене, а може утре и кај комшијата ќе почне. Ние не сме народ, ние сме еден прост народ. Бев во Бугарија во 2013, кога се покачи струјата, сите излегоа. Дури амбасадорот кој беше во Бугарија, Александар Јорданов, го гледав таму. Е тоа е граѓанска држава, а ние партиска“, вели пензионер кој денес маршираше од МРТВ до Влада оти нема како поинаку да се пожали од големите давачки.


Глигорова протестот против извршителите го заврши со најава за следните чекори.

„Утре ќе предадеме скица за новиот предлог закон за извршување, плус ќе побараме од Владата на Република Македонија на чело со премиерот Зоран Заев, со одлука на Влада да се прекине со блокирање на сметките на граѓаните и да се направи ревизија на сите извршните одлуки од кои повеќето се криминални. Тука постои спрега банки, извршители, нотари и доверители. Под итно бараме ревизија“, рече Глигорова.

Македонија

СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ

Објавено пред

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.

dobivaj vesti na viber

Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.

Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.

Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.

Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.

„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.

Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова опрема за анализа на тешки метали во почвата во Државната лабораторија за животна средина

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите.

Во рамки на посетата беше нагласено дека Лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.

Дополнително,во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

Објавено пред

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од поголем јавен интерес.

dobivaj vesti na viber

Судот не поведе постапка за оценување на одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на исплата на пензиите во земјата.

Подносители на иницијативите се Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески и Кире Батев.

Претседателот Костадиновски изјави дека мнозинството судии оценило оти пензионерите кои ја примаат пензијата во државата и оние што ја примаат надвор од неа се во иста правна, но не и во иста фактичка состојба. Според него, за повреда на членот 9 од Уставот, кој се однесува на еднаквоста, потребно е субјектите да бидат во иста правна и фактичка положба, што во овој случај не е исполнето.

Тој посочи дека мерката има социјален карактер и легитимна цел – ублажување на последиците од растот на трошоците и инфлацијата. Додаде дека по истекот на времените услови утврдени со мерката, се враќа редовното законско усогласување на пензиите, кое важи и за лицата што не живеат во земјата.

Судијата-известител Осман Кадриу изјави дека предложил да се поведе постапка, но не добил мнозинство гласови. Тој оцени дека со оспорените одредби се врши дискриминација врз пензионерите кои живеат надвор од државата и дека им се ускратуваат правата на зголемување и усогласување на пензиите.

Во однос на предметите У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023, кои се однесуваат на измените на Кривичниот законик, Судот ја запре постапката, оценувајќи дали Законодавецот постапил согласно насоките од претходното решение со кое беше поведена постапка.

Мнозинството судии констатирале оти во формален аспект Законот е донесен согласно процедурите. Во однос на материјалната уставност, дел од судиите сметале дека новото решение не е идеално, но е подобро од претходното.

Тој нагласи дека евентуално поведување нова постапка и укинување на законот би создало правен вакуум и правна празнина во санкционирањето на злоупотребите на јавни средства, поради што мнозинството одлучило да ја запре постапката, водејќи се од принципите на правна сигурност и предвидливост.

Судијата Кадриу изјави дека гласал против запирањето на постапката, наведувајќи дека, иако Законодавецот ја испочитувал формалната процедура, не постапил целосно по одлуката на Уставниот суд во материјалниот дел.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија7 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија9 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија11 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија12 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија13 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија13 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија13 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија13 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија13 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија14 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија14 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија15 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа16 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет16 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет17 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет17 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет17 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...