Македонија
(Видео) Донација на заштитна опрема од МВР за болницата во Куманово
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во присуство на началникот на секторот за внатрешни работи од Куманово, Антон Витков, предаде заштитна опрема наменета за Општата болница во Куманово. Донацијата се состои од заштитни костими, визири, ракавици и маски, кои Министерството за внатрешни работи ги доби од своите пријатели од Словенија и Унгарија.
„Денеска е Светскиот ден на здравјето и во таа насока со оваа донација сакаме да им дадеме поддршка на докторите и сите здравствени лица во извршување на своите секојдневни обврски и задачи. Во оваа пригода сакам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи да изразам огромна благодарност и почит до лицата во бели мантили, кои со својата посветеност и пожртвуваност секојдневно спасуваат многу човечки животи. Свесни сме за ризикот на кој тие се изложени секојдневно, но и нивната важност и значајност во овој момент, и во таа насока и во иднина со сите расположливи капацитети ќе им бидеме од целосна помош и поддршка. Меѓусебната и меѓуинституционална поддршка е клучна во време, во кое сите водиме тешка битка со невидлив непријател“, истакна министерот Чулев при предавањето на донацијата.
Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева, изрази благодарност за донацијата, при што истакна дека ја поздравува оваа иницијатива од страна на министерот Чулев и Министерството за внатрешни работи, која доаѓа во вистински момент кога здравствените работници секојдневно ги водат најтешките битки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.

