Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Бугарија го прекрши договорот за добрососедство, не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ѝ се обрати на јавноста по повод бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„На сите ни е јасно дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка. Бугарија стави вето, го прекрши договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите.

Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи да испорача гест што не покажува ни пријателство ни братство. Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја – не се прифатливи овие услови. Затоа, ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината.

Ние сме свои на своето. Чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара. Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ – да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите што сега ги наметнува Бугарија. Ние велиме – ДА за Европа и велиме – НЕ за уцени врз македонскиот народ! И – НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други.

Народе мој, македонската држава е земја на пријателства и соживот. Како израз на историското паметење, стремежот за правда и неприкосновеноста на човековите права, сме знаеле и да простиме и да се извиниме во име на иднината. Но, никогаш не сме посегнале по туѓото. Ние сме градители. И тоа е во нашата идентитетска карта како наш автентичен белег. Така денеска нè препознава светот: Ние градиме пријателства. Ние сме светол пример за добрососедство. Ние никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот. Ние сме носители на решенијата. Тоа е нашиот победнички став.

Затоа сите се на наша страна. Пријателите се со нас и заедно со пријателите ќе одиме напред. Им оддаваме признание и благодарност на сите други земји членки на Европската Унија. Особено признание и благодарност упатуваме до Сојузна Република Германија, која во исклучително тешки времиња, во врвот на нејзиното претседавање со Унијата, ги стави буџетот на ЕУ, борбата против Ковид-19 и проширувањето, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија како почеток на преговорите за нашето членство во ЕУ.

За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија од позиција на земја членка. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. И добро е што нашите меѓународни пријатели и сојузници не ја премолчуваат оваа грешка.

Не молчат нашите сојузници бидејќи добро знаат дека покажавме пријателство и добра волја со Бугарија. Со искрени намери разговаравме за начинот како некои делови од нашата заедничка и испреплетена историја можат да бидат толкувани од двете страни на границата. Таквата мулти-перспективност на историјата, која е неспорна, сепак не смее да задира во универзалното право на идентитетско, јазично, и културно самоопределување или самобитност.

Нашата совест е чиста. Целиот изминат период се водевме од принципите на максимална заштита на националните интереси и да не смее да се чепка во правото на самоопределување на македонскиот народ. Да вложиме максимални напори за отворање на пристапните преговори со ЕУ во 2020 година, а притоа да ги унапредуваме добрососедските односи врз основа на взаемно разбирање и почитување.

Затоа сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија. И се надеваме дека штетата предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу. За жал, поразот на европските вредности опозицијата во нашата земја го воспева како своја победа.

Актуелното и претходните раководства на ВМРО-ДПМНЕ речиси 15 години покажуваат одбивност и блокади кон нашата евро-атлантска определба. Колку повеќе се ближеше остварувањето на нашето членство во НАТО, толку поинтензивно ширеа немири, лаги и говор на омраза. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените што навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговорите, единствените што блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ. Лидерот на ДПМНЕ го прогласи најпозитивниот извештај на Европската комисија за лажна вест и не смогна сили ниту да честита ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО.

Еве денеска паднаа во вода сите лаги и клевети. Им се срушија лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Тие што македонскиот народ го нарекоа хистеричен сега тонат во сопствената хистерија. Тоа се сонот и желбата на лидерството на ДПМНЕ. A реалноста е дека македонскиот народ го надминува овој момент со крената глава наспроти срамните лаги што се опасност за стратешките интереси на земјата. Дури и Европа ги препозна и ги прозва нивните лаги.

A македонскиот народ е далеку повисоко од хистеријата и од срамните лаги на Христијан Мицкоски. Еве сме. Тука сме. Македонци што зборуваат македонски јазик. Свои на своето. Отсекогаш, засекогаш. Станавме земја членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик.

Ние нема да дозволиме да преовладеат сили што имаат намера да ја втурнат земјата во омраза кон Европа, во неизвесности, конфликти и во омраза кон нашите соседи. Наша обврска е да ги заштитиме државата и граѓаните од повторно застранување од стратешкиот колосек. Без оглед на атмосферата што се обидува да ја наметне опозицијата, оваа Влада никогаш нема да преземе чекор со кој ќе ги загрози македонските национални интереси.

Немаме намера да ја исправиме државата пред неизвесност. Еднаш поминавме низ тоа. Знаеме до каде нè донесе национализмот. Нема да дозволиме ни нов ни стар груевизам како оној по ветото од Букурешт во 2008 година. Ние немаме потреба од националистички занес или од удирање во гради, што служи само за домашна потреба. Тоа е атрактивно за домашна публика, но не е решение. Ние со нашите потези нема никому да му помагаме ниту во Бугарија да печали политички поени на македонското прашање. Национализмот и говорот на омраза не се патриотизам.

Патриотизам е да ги постигнеш сите потребни воено-безбедносни стандарди и политички критериуми и да ја направиш земјата членка на НАТО. Во Брисел, во седиштето на најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот, гордо се вее македонското знаме и ја сведочи и нашата национална посебност. Признаена од сите земји членки на НАТО, вклучувајќи ја и Бугарија. Патриотизам е цврстата аргументација дека граѓаните на нашата земја нема зошто да се грижат. Македонскиот народ и Северна Македонија се веќе во НАТО. Тоа е нашата победа постигната за да бидеме еднаков дел од евро-атлантското семејство, рамо до рамо со најсилните. Нашата безбедност и сигурност никогаш нема да бидат загрозени. Нашиот пат е трасиран кон НАПРЕД!

И, затоа, бараме ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на европскиот континент. Македонскиот идентитет и јазик не смеат да бидат исклучок од овој принцип. Бараме на ист начин како што ние се грижиме, го развиваме и скапоцено го чуваме европскиот идентитет дома, така и ЕУ да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет како скапоценост на својата различност.

Ние остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Тоа ќе биде решение што гарантира почеток на преговорите со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет. Ние продолжуваме. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме. Нема да дозволиме ветото на Бугарија да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот.

Владата на Република Северна Македонија останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведеме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива. Нема откажување! Во годината пред нас најавувам крупни чекори во неколку клучни области.

Борбата со пандемијата на Ковид-19 ќе ја засилиме и ќе ја добиеме. Не чекор сме до ковид-вакцината. Ја гасифицираме земјата, инвестираме во фотонапонски централи и во ветерници. Почнува прочистувањето на судството, а конечно следува и најважната статистичка операција – пописот. Се грижиме за секој граѓанин, распределуваме огромни економски пакети како помош за граѓаните погодени од ковид-кризата. Уште посилно инвестираме во Коридорот 8 и во инфраструктурата во целата земја. Ние градиме за денес и за утре.

Затоа, јас денеска го повикувам секој македонски граѓанин да учествува во реформите. Сега е потребен ангажман од секого. Овие се тие моменти кога треба најочевидно да го покажеме нашето единство. Сега најмногу треба да работиме сплотени заедно, за да си ја направиме земјата подобро место за живеење. Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Ќе работиме на поддршка од развиените европски демократии, билатерално, со секоја од нив во полето во кое е најсилна, ќе ги донесеме европските стандарди дома.

Со неоспорно утврден, заштитен и одбранет македонски идентитет, горди сме и знаеме дека ние сме Европа, а македонската иднина е европска. Да живее македонскиот народ, да живее македонскиот јазик, да живеат сите граѓани и сите јазици што се зборуваат во Северна Македонија. Да живеат европските вредности“, порача Заев.

Македонија

Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет30 минути

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа32 минути

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет37 минути

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет6 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет7 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет8 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија10 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија11 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет11 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет12 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет14 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет14 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет15 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет18 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија20 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет21 час

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет23 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...