Македонија
(Видео) Заев во Софија: Имаме силна политичка поддршка за процесот на проширување со земјите од регионот
Имаме силна и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување со земјите од регионот и треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани, изјави премиерот Зоран Заев во Софија на лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година кодомаќини се Бугарија и Македонија.
Заев потенцира дека тоа што првпат од почнувањето на Берлинскиот процес кодомаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна земја членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот силно го прифати овој процес како свој и дека со оваа соработка Северна Македонија и Бугарија обезбедија извонредна платформа за понатамошно негување на билатералните односи.
Посебен акцент премиерот Заев стави на новата динамика во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено по мартовскиот европски совет со обновената преговарачка методологија и одлуките за почнување преговори со Северна Македонија и Албанија и загрепскиот самит во мај, како и со пакетот за проширување од Европската комисија оваа есен и со сериозниот економски и инвестициски план.
Заев додаде дека заедно со напорите на германското претседателство со Европскиот совет, таа динамика е извонредна можност регионот на Западен Балкан сигурно да напредува кон ЕУ.
„Со најавените дури 9 милијарди евра за грантови, надополнети од новиот инструмент за гаранции за Западен Балкан, со кој треба да се зголемат инвестициите до 20 милијарди евра, ЕУ исто така храбро ја потврди својата поддршка на Западен Балкан“, рече премиерот Заев и додаде дека овој пакет ќе обезбеди голема финансиска поддршка за нашите реформски процеси и за економска трансформација на регионот.
Заев рече дека основите за економската, социјалната и зелената трансформација на нашиот регион за наредите години се цврсто утврдени и дека регионот исто така ја покажа својата зрелост и отпорност за време на оваа пандемија.
„Пандемијата уште повеќе го обедини Западен Балкан во борбата против овој невидлив непријател донесувајќи толеранција и соработка и создавајќи заедничка свесност дека хуманоста има предност пред политиката“, истакна премиерот Заев.
Заев додаде дека за време на заедничкото кодомаќинство со Берлинскиот процес оваа година дополнителен поттик добија и неколку други процеси, како што е регионалниот договор за патување со лична карта, проширувањето на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на ЕУ и јакнењето на соработката на полето на здравството како регионален одговор на пандемијата, како и соработка со граѓанското општество, особено на прашањата поврзани со младите.
Покрај Заев и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на отворањето на работата на лидерскиот самит за Западен Балкан во Софија се обратија и канцеларката на Германија, Ангела Меркел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

