Македонија
(Видео) Заев и Борисов во Познањ разговараа за Договорот за пријателство
Премиерот Зоран Заев во рамките на своите активности на Самитот за Западен Балкан во Познањ, Република Полска, оствари средба и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
На средбата беше потврдено дека Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји останува пример за решавање на отворените прашања во регионот и дека беше импулс и за следните големи политички одлуки што ги донесе земјава, како што беше Договорот од Преспа, по што следуваше забрзување на процесите за членство во НАТО и ЕУ.

,,Двајцата премиери разговараа за спроведувањето на одредбите од договорот и се согласија дека се остваруваат со добра динамика, но и дека секогаш може подобро.Низ разговорот, премиерите Заев и Борисов изразија поддршка и охрабрување за работата на комисиите на двете земји да ја засилат соработката и посветеноста на прашањата што ги разгледуваат”, се вели во соопштението на Владата.
Двајцата премиери, како што се додава, изразиле заедничко мислење дека двете земји имаат дел од заедничка историја и дека духот на добра волја и пријателство со кои започнаа да се одбележуваат и чествуваат заеднички настани и личности што се оствари во изминатиот период, треба да продолжи и понатаму.
,,Премиерот Заев, во име на Владата и во име на народот на земјата изрази благодарност за поддршката на Република Бугарија во евро-атлантските интеграции на нашата земја, соодветно на поддршката што доаѓа од искреното пријателство меѓу двете земји. Оваа блиска соработка е крунисана на Самитот во Познањ со заедничкото, историско, претседавање на Берлинскиот процес во наредните 12 месеци, што е признание за Бугарија и за нејзиното лидерство како земја членка во регионот, како и за Република Северна Македонија, која се докажа низ конкретни чекори како земја која пријателството и довербата ги става во врвот на своите приоритети”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

