Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори истрага за Катица Јанева
,,На власта и требаше и на Рената Дескоска и на сите останати повеќе од шест месеци да сфатат дека Катица Јанева работела лошо и нема капацитет да биде на чело на СЈО. Истата власт загуби драгоцено време за закон каде што над 60% од членовите веќе ги имаме направено и ги имаме дадено.Тоа се загубени 6 месеци каде што истиот закон, истите реформи можеа да се реализираат и имплементираат. Дескоска призна дека Катица Јанева практично нема капацитет да ја води таа институција и тоа што Катица Јанева нема да биде односно не инсистираат да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и сериозни обвиненија за сите нејзини сомнежи, сите сомненија за работењето на обвинителите во СЈО, за работењето на Катица Јанева и за работењето на целата институција како СЈО како и за сите потрошени пари изминативе години”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање дали со вчерашната изјава на министерката за правда Рената Дескоска дека нема да инсистираат за избор на специјален јавен обвинител се отвора можност да се постигне договор за законот за јавно обвинителство.
,,Очекуваме власта да ги сфати посериозно не само овие сите останати забелешки, да престане да губи време и да ги прифати сугестиите коишто се согласно европските закони и европските принципи согласно одредбите за човековите права на Советот на Европа. За жал досега само ги прифаќаа законот и принципите декларативно пред граѓаните, пред јавноста, пред меѓународната заедница, а не е испочитуван ниту еден од нив. Сега во моментот ВМРО-ДПМНЕ изработува наша сопствена верзија на законот за јавното обвинителство според оние принципи коишто веќе ги имавме дадено до нив врз основа на меѓународните документи и стандарди што ќе значи квалитет и што ќе значи еднаква правда за сите, а не селективна правда како што е сега. Тие стандарди не значат амнестија за никого, единствено во моментов се бара амнестија за Катица Јанева за нејзиното лошо работење и за нејзиното постапување без овластувањата кои што во моментов ги нема. И во делот на бомбите како што спомна министерката Рената Тренеска Дескоска вели може да се договориме, ние да ја потсетиме дека препораките на Советот на Европа се задолжителни за Република Македонија и ако добро побара одговорот е токму во тие препораки во делот за незаконски стекнатите докази”, додаде тој.
Запрашан, кој бара амнестија за Катица Јанева, Арсовски вели: ,,Со самото тоа што се обидуваат да го направат по нивни стандарди законот СДСМ бараат амнестија за нејзиното работење, Рената Дескоска, Зоран Заев и сите останати затоа што знаат дека има сериозни сомненија за извршен криминал и прекршување на законот на кривичниот законит токму во СЈО во изминативе години. И ние неколку пати сугериравме на тие сомненија, ние неколку пати сугериравме на милионски суми потрошени беспотребно, а еве сега гледаме дека нема никаков резултат и дека сето тоа е еден театар за исполнување на лични цели на СДСМ, на Зоран Заев и на сите останати”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Oпштина Илинден и оваа година ќе доделува субвенции за инвертер клими или соларни панели
И оваа година општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ. Целта на повикот, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски е да се стимулираат граѓаните односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик од 27.05.2024г. до 25.06.2024г. односно се до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.
Македонија
Дива деопнија кај гробиштата во Бутел – Комунална исчисти 80 кубни метри отпад
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“.
Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна.
Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.
Скопје
Герасимовски: Паркинг-услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ
Општина Центар ги известува корисниците на мобилниот оператор МТЕЛ дека паркинг услугите на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за нив. Директорот на ЈП ПОЦ Душко Коцевски минатата недела потпиша договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија МТЕЛ преку кој ќе се овозможи наплата на паркинг услугите со СМС пораки на бројот 141414.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека овој договор е показател за посветеноста на двете компании кон современи услуги за граѓаните.
„Договорот со кој ЈП ПОЦ го воведува мобилниот оператор МТЕЛ за наплата на паркинг со СМС ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг услугите на ЈП ПОЦ. Тоа исто така значи и воспоставување на долгорочно партнерство со компанијата. ЈП ПОЦ ја прави достапна оваа услуга за сите граѓани со цел да ги задоволи потребите на сите граѓани“, смета Герасимовски.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во 2022 година ја прошири дејноста на претпријатието во комунална со тоа што ги префрли хигиеничарите со цел да ја подобри сликата со хигиената на јавниот простор. Неодамна Општина Центар извести и ги повика граѓаните да ја користат услугата која ја дава општинското претпријатие ЈП ПОЦ, а се однесува на косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767.