Македонија
(Видео) Каевски: Директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат македонски ученици за бугарскиот клуб Иван Михајлов
На виделина е нов скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов. Додека лицемерот Христијан Мицкоски лажно се претставува во Бугарија негови кадри злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, обвини пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој рече дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носеле малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов.
„ Жанета Сирвини е поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци. Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти. Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМОР-ДПМНЕ. Ќе направи ли Мицкоски сега вонреден отчет за неговиот градоначалник?
ВМРО-ДПМНЕ додека не се откаже од континуитетот на Ванчо Михајлов бадијала лажно се претставува“ изјави Каевски.
Според него, тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ како антидржавна, антинародна партија, која злоупотребува малолетни лица во политички цели.
Ова ги потврдува врските на ВМРО-ДПМНЕ со клубот Ванчо Михајлов, чиј претседател но и членови се фотографирани со Христијан Мицкоски и други функционери на партијата, истакна Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

