Македонија
(Видео) Каевски: Имаме поголемо мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ
„Чекорот за поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ и официјално влезе во собраниска процедура. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со кадровските решенија. Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите. Стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ. Тоа е добро и за инвеститорите и за економијата“ рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој напомена дека „нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година. Зголеменото мнозинство овозможува да продолжиме да напредуваме со енергетската транзиција, со економските иницијативи како Отворен Балкан и регионалната соработка. Дополнително, се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата“.
„Упатуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму. Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција“ рече Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

