Македонија
(Видео) Каевски: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, не ни е потребна реприза на Иванов

„Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ. Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.
Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите години е доказ дека Силјановска е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.
Нема членство во ЕУ со Мицкоски и Силјановска ниту за 100 години!
Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.
На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе ги врати духовите од времето на владеењето на ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов.
Времето кога претседателот беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.
Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!
Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Граѓаните ќе кажат не за изолација и да за Европа“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.