Македонија
(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза
Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.
Во своето обраќање на пленарната седница премиерот Ковачевски истакна дека со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.
„Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.
„Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народа.
Бугарскиот премиер им посака на членовите на двете влади успешна работа и, како што нагласи, наместо политичка реторика на граѓаните од двете земји да им понудиме резултати кои ќе го заменат национализмот и говорот на омраза.
Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.
Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади.
На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.
Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки, велат од СДСМ
Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание, велат од СДСМ,
„Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство. Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен“, додаваат од СДСМ.
Како што велат,нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.
„Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем“, завршуваат од СДСМ.
Македонија
За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси-дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели? Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски? Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата. Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови.
„Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.