Контакт

Македонија

(Видео) Ковачевски: 2022 е година на највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, на прес-конференција, ја презентира реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година. Тој посочи дека во минатата година има највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение интегралниот текст од прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски:

„Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше простор за сомнеж дека нема да се успее, сепак во 2022 година имаме реализација на капиталните проекти од речиси 90 проценти од планираното, што е највисок остварен процент во споредба со претходните 10 години. Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните и нивниот стандард.

На почетокот сакам да потенцирам дека во споредба со 2014 година, кога капиталните инвестиции беа во вредност од 286 милиони евра, лани тие се искачија и достигнаа вредност од 465 милиони евра, што е зголемување од 179 милиони евра или повеќе од 60 %. Минатата 2022 година бележиме пораст на капиталните инвестиции во повеќе ресори, кои се клучни за развој на државата. Само во последните три години, од 2020 до 2022 година, во услови на пандемија и светска економска и енергетска криза, успеавме да реализираме капитални инвестиции во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра.

Минатата година целосно ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани. Со пуштањето на делницата Крупиште – Кочани во декември, сега го скратуваме времето на патување од еден до друг град на граѓаните од целиот источен регион на државата. Коридорот 8, експресниот пат кон Бугарија, се гради со два нови изведувача и тоа е сосема нова делница паралелна со постојниот пат кој води до границата со Бугарија. Исто така, се работи на проширување на трета лента до границата, а комплетно е рехабилитиран патот Куманово – Ранковце.

Во овој момент активно тече изградбата на автопати во должина од 59 километри. Динамиката на изградба на коридорот од Кичево до Охрид, кој е во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра, е навистина забрзана. Таму веќе 75 % од патот е завршен и се работи со забрзана динамика по отстранувањето на сите пречки. Во тек е реализација на автопатот Скопје – Блаце, фаза 1, која чини 12,18 милиони евра. Досега се реализирани 79 %, а фазата 2 е во завршна фаза на проектирање. Вкупната должина на фазата 1 и на фазата 2 е 12 километри. Се подготвуваат автопати за изградба Коридорот 10-Д и Коридорот 8, и тоа:

– изградба на автопат Гостивар – Кичево

– изградба на автопат Тетово – Гостивар

– изградба на автопат Требениште – Струга – Ќафасан

– изградба на автопат Прилеп – Битола

Во текот на мандатот на оваа Влада рекордно се изградени и рехабилитирани патиштата во државата. Ако за 11 години на претходната власт беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта, сега за 5 години имаме 1.300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која како држава инвестиравме над 1 милијарда евра.

Почнуваме со изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија, со вкупна инвестиција повеќе од 600 милиони евра, која ќе се гради во 3 фази. Ова е историска, најголема инвестиција досега. Овозможуваме алтернативна пруга за домашните компании за поевтин и побрз транспорт и поврзуваме пристаништата во Бургас и Драч.

Инвестиравме и во гасоводната мрежа. Комплетно го завршивме гасоводот од Жидилово до Битола. Нешто за што многумина кажуваа дека нема шанса да се заврши во 2022 година. Докажавме дека може да се заврши. Сега непречено Битола може да биде снабдувана со гас. Тоа отвори можност за гасификација на Битола. Веќе привршува фазата на изградбата на топловодот од РЕК „Битола“ до Битола.

Министерството за одбрана во 2022 година продолжи со реализацијата на неколку капитални, повеќегодишни проекти за набавка на современа и софистицирана опрема за Армијата. Во согласност со договорите Влада со Влада, во тек е набавка на лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, од кои во 2022 година пристигнаа 6. Во следниот период оваа година се очекуваат уште 27 од вкупната набавка на 96 возила. Склучен е и договорот за набавка на лесни оклопни возила за специјални сили (STRYKER) од САД.

Во 2022 година се потпиша и договорот за набавка на опрема за противвоздушна одбрана со Република Франција. Во 2022 година склучени се и договорите за набавка на артилериски системи во соработка со Турција, како и за ремонт на два транспортни хеликоптера „ми-8МТ“ во соработка со Чешка.

Во 2022 година продолжи вложувањето во подобрување на енергетската ефикасност на објектите, како и вложување во еколошки енергенти во касарните. Тука фокусот е ставен на воведување повисоки еколошки стандарди во одбраната преку вложување во енергетска транзиција и во модерни и енергетски ефикасни објекти.

Завршени се 15 проекти за реконструкција и реновирање на објектите на Армијата, меѓу кои санација и реновирање на сместувачките капацитети на Криволак и во Пепелиште, реновирање на сместувачките капацитети во касарната „Петровец“, изградба на нови санитарни јазли и пречистителни станици на Криволак, реконструкција на повеќе објекти во касарната „Илинден“ и во касарната во Велес, реновирање објект во касарната „Страшо Пинџур“ во Скопје.

За 2023 година планирани се 28 проекти за реконструкција на армиски објекти.

Со целосна реализација на капиталните инвестиции е и Министерството за внатрешни работи. Минатата 2022 година ја завршивме со завидна бројка од 78 целосно реконструирани објекти на полицијата (седум во 2022), со вкупна вредност од над 8 милиони евра. Потоа, во рамките на проектот „Сината униформа дејствува за зелена околина“, инвестирани се приближно 7,4 милиони евра за енергетска ефикасност во сите реконструирани објекти на МВР.

За МВР и за Одделот за воздухопловни единици во рамките на МВР, катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал да се набави најсовремена опрема за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот. Овој оддел е опремен со 3 хеликоптери „бел“, при што за хеликоптерот „бел 212“ обезбедена е најсовремена опрема, со што е оспособен за гаснење пожари – едно ведро за „бел 212“ и симплекс резервоар за „бел 412“.

Владата посветено работи на унапредување и обезбедување квалитетни услови за образованието на секое дете. Министерството за образование и наука ги реализира сите капитални инвестиции, кои во согласност со инвестицискиот план требаше да се заокружат во 2022 година. За реализација на капитални инвестиции со кои ќе се унапреди квалитетот на условите за следење настава од страна на учениците, но и за работа на наставниците, во 2022 година беа обезбедени средства во износ од над 16,3 милиони евра.

Македонија

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници

Објавено пред

Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

Прикажи повеќе...

Македонија

15 возачи лишени од слобода поради возење без возачка дозвола и под дејство на алкохол

Објавено пред

Полициски службеници на целата територија на државата, во текот на вчерашниот ден, лишиле од слобода 15 возачи, од кои шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

-Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа еден во Гевгелија, еден во Скопје, а двајца во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за партизација

Објавено пред

Венко Филипче и Зоран Заев се дел од партија која, според ВМРО-ДПМНЕ, стои зад стратегија за партизација на институциите, од стручните служби до највисоките раководни функции во државата.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека СДС нема основ да обвинува за партизација и некомпетентност на кадри, особено кога станува збор за актуелното раководство на Развојна банка на Македонија.

Од партијата посочуваат дека на чело на Развојната банка во моментов е, како што велат, докажан професионалец во областа на развојното банкарство. За Ефимија Димовска наведуваат дека е стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата на University of Pittsburgh, дека е доктор на економски науки и универзитетски професор со истражувања насочени кон финансирањето на малите бизниси. Дополнително, според реакцијата, таа е ангажирана како консултант од Европска комисија за анализи на финансискиот сектор во земјите од регионот.

Во реакцијата се осврнуваат и на поранешниот директор на Развојната банка, Кире Наумов, за кого велат дека е истакнат кадар на СДС. Посочуваат дека својата кариера ја започнал во поранешната Агенција за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, позната како Агенција за приватизација, и дека во периодот на владеење на СДС извршувал повеќе функции, меѓу кои советник за економски прашања на премиер и претседател, дополнителен заменик-министер за финансии и заменик-министер за економија.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително обвинуваат дека Наумов во последниот период не ги извршувал своите обврски и ги блокирал активностите на Развојната банка, што, според нив, било причина за неговото разрешување.

„Ова се фактите. Нека прочитаат и научат во СДС“, се наведува во реакцијата на партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет5 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет6 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија7 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет7 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет8 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет9 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија23 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...