Македонија
(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група на Заев и Спасовски, составена од над 40 полицајци, правела црни списоци на автомобили што морало да бидат отстранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ и давале наредби за измислување прекршоци.
„Наместо во име на законот, тие дејствувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на прилепската полиција, во неа учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски.
„Црн список на возила за отстранување“, „Измислете прекршок, тргнете го“„Барајте му лекарско“, „До вечер список од акцијата глас плус важи за сите“, се дел од пораките што ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски.
Да одиме со ред:
![]()
Оваа група, која, според тоа што имаме на увид, била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и таа целосно се ставила во партиска функција на СДСМ.
![]()
Еве доказ. На 17.10.2021 година командирот на ОВР, Дарко Цуцулоски, во вибер-групата, каде што се одвивала координацијата на групата, дава команда:
ПП 8(725) АД – бел опел
ПП 7(323) АЦ – 206 караван
ПП 3(420) – фиат црвен
ПП 9(142)-АЕ – пасат зелен
ПП 8(77) – ровер црн
ПП 4(125) АД – корса сива
ПП 1(29) ЦХ – астра сива
![]()
Сите овие возила возат за нив. Гледајте да ги отстраните веднаш. Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР Прилеп со цел шиканирање активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Од комуникацијата во вибер-групата гледаме дека буквално полициските службеници на смена само следеле луѓе што политички не се согласувале со власта.
![]()
Во една друга комуникација Андреј Лашкоски од БПС Прилеп дава информација: „Јапано вози низ Тризла сиво комбе со такси ознака на него“, на што Крајоски Александар од БПС Прилеп дава насока: „Ако има такси-табла, запрете го и барајте му лекарско“.
![]()
Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, кој дава наредба: „Ако треба, измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни“. Не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање гласови за СДСМ.
Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, во групата на „Вибер“ издава насока: „Колеги, в четврток и в петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 до 19 часот“.
Во друга порака станува јасно дека тие имале систем или список во кој ги внесувале гласачите, Цуцуловски појаснува: „Да ве потсетам за вечер по 18 часот за внесување глас плус важи за сите нас“.
Од ова се гледа дека станува збор за злосторничко здружение, кое работело за потребите на СДСМ во целост, од следење, малтретирање, шиканирање и тепање. ЈО да постапи веднаш и да го истражи случајот. Очекуваме истрага, која ќе резултира со конкретни обвиненија. Институциите не смее да се користат за партиски притисоци.
Доколку институциите што се надлежни да го расчистат овој случај и да превенираат вакви злоупотреби не работат по закон и не ги спречат и санкционираат овие дејства, треба да знаат дека по ослободувањето на системот, ќе има одговорност за сите што учествувале во вакво организирање, шиканирање и малтретирање, како и тие што оневозможувале истрага“, порача Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

