Македонија
(Видео) Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда со базен на „Радишанска“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, ја обвини министерката Славјанка Петровска дека крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Тој рече дека Петровска лажела оти не поседува луксузна хациенда со базен.
„Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за катастар на недвижностите, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда. Денес, ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.
Тој покажа сметка од имотот за кој тврди дека е на има на таткото на министерката, Љупчо Петровски.

„Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата што според нашите сознанија е место на живеење според личната карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста“, изјави Ковачки.
Тој додаде дека Петровска на последните избори гласала на избирачкото место на кое гласаат жителите на „Радишанска“ од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен.
„Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска според документите што ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност“, порача Ковачки.
Според него, Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата министер за одбрана. Личност што крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба, не смее да извршува таква одговорна функција, рече Ковачки.
Тој ги повикува институциите да отворат постапка за Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

