Македонија
(Видео) Колариќ:Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа
Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа. Градот Скопје и понатаму останува затрупан во голем број нерешени проблеми, но и потреби на граѓаните.Од денешната седница на Советот на Град Скопје може да се заклучи од извештајот за извршување на буџетот исклучително низок степен на реализација на капиталните инвестиции. Тоа е потврда дека Градот Скопје и Шилегов не работат. За 6 месеци буџетот е е остварен само 36%, што е помалку од 50%, додека остварените расходи се помали и изнесуваат само 30%, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.
Според неа, од структурата на буџетот може да се види дека иако најавуваше нема ништо од новиот Луна парк, има нула денари и за езерото треска за кое ветуваше дека истотот ќе се ревитализира.
,,Локалниот економски развој е целосно запоставен. Од планирани 36 милиони денари, потрошени се само 2.9 милиони денари или помалку од 10 отсто од предвидените работи.
Во Секторот за комунални работи има реализација на буџет од само 25 отсто и нула денари за: пошумување, нула денари за нови клупи, корпи за отпадоци и реконструкција на стационарот ‘Вардариште’. Има целосно потфрлање на Секторот за заштита на животната средина. Од 122 милиони денари реализирани се само 6 милиони денари или само 5 отсто. Тоа значи дека Шилегов 5 пари не дава за почиста животна средина, иако тоа беше негово големо ветување дека имаат план, има програма и конкрентни идеи. Немаат ниту еден проект од оваа област, за жал.Ниту Шилегов ќе донесе почист воздух, ниту ќе ја заштити животната средина”, вели таа.
Според Колариќ, истовремено зад плаштот вработување пожарникари, нешто што заеднички ВМРО-ДПМНЕ со Коалиција го поддржува, се планираат плус неколку десетици нови вработувања, веројатно на партиски кадри, иако Шилегов претходно обвинуваше дека имало превработеност, со ова само ги покажува двојните стандарди на работа.Неработа и неспособност стануваат второто име за Петре Шилегов, тоа го покажуваат и бројките од кои јасно може да се види дека градот тоне во една безидејност и немање основен концепт за развој, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.