Македонија
(Видео) Колева: Со законот за наставници ќе ја исправиме неправдата кон над 4.700 наставници
Во собраниска процедура се влезени измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, како и Законот за Бирото за развој на образованието, потсети пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
Според неа, со измените на овие закони се обезбедува правна и економска сигурност на наставниот кадар во основите и средните училишта.
„Наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време доколку ги исполнат законски предвидените услови“, истакна Колева.
Ова, како што вели Колева, ќе значи дека со новиот закон им се трансформира работниот однос на сите наставници и стручни соработници, кои до моментот на негово стапување во сила се ангажирани на определено време ако за тоа ги исполнуваат условите.
„На овој начин би се опфатиле 1.464 наставници и стручни соработници, кои во моментот се ангажирани на определено работно време до 2 години, како и 3.326 наставници ангажирани на определено работно време над 2 години, на кои не им е трансформиран работниот однос. Законските измените ќе обезбедат правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, додаде пратеничката од СДСМ.
Реагира за, како што вели, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште на комисиската расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираат овој закон кој е во интерес на наставниците, но и на учениците и нивните родители. ВМРО-ДПМНЕ се противи наставниците и стручните соработници да добијат правна и економска сигурност, да се ослободат од стресот предизвикан од неизвесноста дали ќе им се продолжи работниот однос, тие се против тоа да се обезбеди континуитет во реализацијата на наставниот процес“, вели Колева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

