Македонија
(Видео) „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/korab.jpg)
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица.
Од МВР се уште не се огласиле за овој инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
(Видео) Забележани подготовки за градежни активности на просторот на поранешна Алумина, велат од Левица Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/poranesna-alumina.jpg)
„Добивме порака од загрижени граѓани, кои документирале активност на механизација и присуство на персонал во оградениот простор кај поранешната фабрика Алумина“, извести Левица Карпош.
„Бидејќи урбанистичкиот план за овој простор не е донесен, а ниту има некакво друго официјално известување за активности, се прашуваме дали е на повидок нов шверцерски обид на градежната мафија за окупирање на градежниот простор во Карпош и ново самоволие од страна на Јакимовски!?
Советниците на Левица, децидно застанаа против предложениот ДУП за овој простор, кој овозможува изградба на згради и со над 100 метри во висина, со што целосно би се задушил просторот во тој дел.
Предупредуваме, дека било каков обид за изигрување на законските решенија и вољата на карпошани во корист на градежните моќници, ќе наиде на жесток отпор од страна на Левица!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Одбележани 25 години од основањето на Здружението на јавните обвинители
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tsw06818-2048x1152.jpg)
Наша обврска, на која континуирано работиме сите овие години, е да ги зајакнеме самостојноста на јавните обвинители во постапувањето, професионалните и етичките стандарди во нашата фела, а со тоа да ја вратиме довербата на граѓаните во нашата работа, истакна претседателот на Здружението, јавниот обвинител Елвин Вели на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на оваа организација.
Тој потсети на проектите и активностите со кои Здружението континуирано се залага за унапредување на состојбите во јавното обвинителство и ја застапува улогата на јавните обвинители во јакнењето на принципите на правната држава и владеењето на правото.
„Здружението денес е отворено за сите јавни обвинители, но и за стручните јавнообвинителски службеници кои преку својот личен професионален ангажман и идеи сакаат да се вложат во подобрување на состојбите во јавнообвинителската организација. Нашата поддршка за јакнење на независноста, но и на одговорноста во постапувањето на јавните обвинители останува силна и недвосмислена. Како Здружение инициравме измени со кои Етичкиот кодекс на јавните обвинители се усогласи со забелешките од скринингот на ЕУ и со препораките на ГРЕКО. Организираме обуки и работилници, работиме на научни трудови и законски решенија, со кои се залагаме за јакнење на стандардите, но и на условите во кои работиме“, рече Вели.
Цели 25 години, Здружението на јавните обвинители го одразува нашето професионално единство и нашата визија за улогата на јавниот обвинител во правниот систем, потенцираше Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, кој и самиот извесен период во својата кариера бил дел од Извршниот одбор на Здружението.
„Во единството е силата“, порача тој и ги повика јавните обвинители да бидат уште поединствени и посплотени, активни, гласни и мотивирани, да предлагаат и да учествуваат во реализација на проектите и во следните 25 години, па и потоа.
„Од многу причини, кои не би сакал во оваа свечена прилика повторно да ги истакнувам, јавнообвинителската организација е се помалубројна, а очекувањата од нас се огромни. Ние мора да останеме доследни на задачата што ни е доверена. Затоа важен е придонесот на секој поединец и секоја една визија што ја вградуваме во обвинителството“, рече Коцевски.
Во четвртина век постоење, за Здружението на јавните обвинители, како и за самите јавни обвинители, исклучително важна беше поддршката од многу домашни и меѓународни организации, партнери и поединци, без која оваа организација немаше да може да ги реализира проектите и идеите за кои се залага и со кои ја дели визијата за јакнење на системот на владеење на правото и за подобрување на позицијата на јавните обвинители и на јавното обвинителство како институција.
За нивниот особен придонес за долгогодишна успешна соработка и поддршка, претседателот на Здружението на јавните обвинители Вели додели плакети на: Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Канцеларијата за развој, помош и обука на обвинителствата во странски држави – ОПДАТ при американското Министерство за правда, Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, Проектот на УНДП „Поддршка на ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Центарот за правни истражувања и анализи, Институтот за судска медицина и криминалистика, како и на Асоцијацијата за корпоративна безбедност.
Здружението на јавните обвинители е формирано на 30 јуни во манастирот Лешок, во Тетово, а за прв претседател беше избран вишиот јавен обвинител д-р Тодор Витларов.
Македонија
Алијансата за Албанците: Директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од Таравари, отпушти 18 Албанци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/taravari1.jpg)
„Честитки за Арбен Таравари, откако ги намали Албанците во Балансер, сега преминува на акција. „Македонија повторно твоја“. Етничкото чистење на Албанците во институциите, кое почна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари“, велат од Алијансата за Албанците.
„Денеска, за жал, беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу бргу може да ја имаат истата судбина.
Ги повикуваме Таравари и коалицијата „Влен“ да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова тоа дејствувањето што толку помпезно го најавија, како и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја!“, се додава во соопштението на Алијансата за Албанците.