Македонија
(Видео) Костадинов: Вработена во кабинетот на Иванов и нејзината ќерка во Агенцијата за разузнавање, уште една потврда за непотизамзам
Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам. Кабинетот на Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Денеска ќе објавиме еден актуелен случај. Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов. Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов“ истакна Костадинов.
Според него, станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов, постојат основани сомневања за судир на интереси.
Освен нејзината ќерка, како што вели Костадинов, во државна инситуција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, поточно во Централен регистар во Прилеп.
„Го повикуваме Ѓорѓе Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиевска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизамот.
Христијан Мицкоски да не чека, да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор. Да ја повика членката на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Иванов, Анастасија Илиеска, нека ги повлече своите роднини од државниот сектор.
Ајде да го пресечеме јазолот на непотизам создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт“ повика портпаролот на СДСМ.
Владејачката партија бара и нуди решенија против непотизам и партизацијата. Оттаму велат дека веќе се случиле и повлекувања на вработени роднини на функционери од СДСМ.
„Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“ изјави Костадинов.
Од СДСМ најавија дека ќе поднесат претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата за овој, но и се сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

