Македонија
(Видео) Костадинов: Ги поддржуваме истражните органи да продолжат со истрагата

Градењето независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки. Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.
Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот ‘Рекет’, да постапуваат согласно законите.
Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.
Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на каква било друга припадност.
Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во касарната „Илинден“ оддадена почит за загинатите бранители кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили.
Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.
На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили.
Македонија
Од сабота Скопје повторно се поврзува со Барселона, двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.
До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“
Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.
На крајот на март требаше да се почне да и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.
Македонија
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со ‘фати, па пушти’, без да има јасно образложение за таа законска процедура и што се создава во нашите мисли, кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот Македонија и ќе заврши пред Собранието.