Македонија
(Видео) Костовски: Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија што не може да донесе никаква промена
„ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања. Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија. Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
„Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти.
Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој.
Така е и овој пат со новите лажни ветувања. ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

