Македонија
(Видео) „Кој ќе им ги плаќа каматите, луѓето немаат пари“, медицинарите од „8 Септември“ бараат плата за јануари
Претседателката на Независниот синдикат на ГОБ „8 Септември“ јавно праша кој ќе им ги плати каматите од кредитите што тие ги имаат затоа што не може да си платат рата оти немаат земено плата. Според неа, пробиениот рок од пет дена за исплата на пари за минатиот месец ги оставил вработените во болницата без пари.
„Протестот е организиран поради незадоволството од непримената плата, која требаше да биде земена на 10 февруари и доцни 10 дена. Го пробија и законскиот рок. Луѓето немаат пари, а имаат кредити. Кој ќе им ги плаќа каматите? Тука има луѓе што земаат по 18 илјади нето-плата“, вели Рената Ѓаконовиќ, претседателка на независен синдикат на ГОБ „8 Септември“.
Таа посочи дека во болницата има вработени што работат само за егзистенција, со мал личен доход.
„Добивме известување од управата на болницата, во кое се вели дека овој протест нема да биде официјален. И не е официјален. Синдикатот е репрезентативен, имаме доволно членови и сме репрезентативни. Во една институција може да постојат неколку синдикати, ние функционираме неколку години. Луѓето не треба да бидат обесхрабрени, треба да излезат и да си го кажат своето мислење. Тоа што го бараат е законско право на секого“, додаде таа и дополни: „Ќе остане само минимален број од кадарот што ќе работи со овие пациенти. Жално е да остане Македонија без квалитетен здравствен кадар“.
Се размислува за штрајкови, а опција се и блокади, потенцира Марјан Ристески, претседател на Синдикатите за заштита на правата на работниците (КСОМ) на мирниот протест пред „8 Септември“, каде што вработените бараат исплата на платата за јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

