Македонија
(Видео) Кузеска: Мицкоски ги промовира ставовите на Бугарија на штета на државните позиции

„Губитникот Мицкоски, соочен со уште еден пораз во Штип и нова казна од граѓаните, вчера излезе и јавно застана да ги промовира ставовите на Бугарија. Тврдењето на Мицкоски дека е потребен нов договор со соседна Бугарија е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси. Хистеричниот Мицкоски работи против својата држава, против својот народ, во клучни моменти“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според неа, во време кога се прават исклучителни напори од нас и нашите партнери во ЕУ за да се најде заемно прифатливо решение што ќе овозможи започнување на преговори со ЕУ, Мицкоски вели дека не треба да има решение.
„Од овде од пред Собранието упатуваме јавна осуда за оваа изјава на Мицкоски и бараме да ја повлече. Не затоа што некој му верува на Мицкоски. Не затоа што некој мисли дека Мицкоски може нешто да направи. Мицкоски е никој и ништо. Ова го бараме единствено за да не нанесува штета на државните позиции и да не ги поткопува. За потсетување, Мицкоски вака велеше дека може да направи подобар договор и од преспанскиот за после да се повлече. Имаме добар договор со Република Бугарија и не е потребен нов договор, не е потребен анекс, туку доследно почитување на договореното.
Посветени сме да најдеме заемно прифатливо решение преку дијалог со Софија или да разјасниме одредени дилеми ако има потреба за тоа. Посветени сме на развојот на добрососедските односи, како европски држави, за заедничка иднина во ЕУ. Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик.Како Македонци влеговме во НАТО, како Македонци ќе влеземе во ЕУ!Македонската иднина е европска“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Македонија
Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
