Македонија
(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад протест на кој се навредуваа новинари
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Таа потсети дека СДСМ најостро ги осудува пораките, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите.
„ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана. Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски. Новинарите се тие, кои со единствена цел да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат од Ковид-19, додека професионално ја вршат својата работа. Токму новинарите се тие кои во скафандер ризикуваа и влегоа во ковид-болниците, меѓу пациентите со тешка клиничка слика, со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација“, нагласи Кузеска.
Според Кузеска новинарите се тие кои најмалку треба да бидат навредувани и нарекувани платеници.
„И тоа на протест поддржан од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – посочен извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта, место од каде според словенечки новинари истражувачи, се финансираат одредени медиуми во Северна Македонија кои пласираат лажни вести, а денес се гласни против вакцините, против мерките за заштита од Ковид-19 и го поддржуваа протестот на којшто професионалните новинари беа навредувани“, истакна Кузеска.
Мицкоски, вели таа, сè повеќе се докажува како неодговорен политичар кој очајно гледа шанси во вакви и слични протести и на кого му одговараат лажни вести.
„Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се нанесува штета на здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори“, додаде портпаролката на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

