Македонија
(Видео) Лазаревска: СДСМ се грижи за образованието, платите на наставниците поголеми 36 отсто во однос на 2017 година

Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието како во човечкиот капитал така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Септемвриската плата за речиси 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници, ќе биде повисока 15 проценти. Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми 36 отсто во однос на 2017 година, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
Напомена дека, освен во платите, нејзината партија инвестира и во инфраструктурата во образованието, каде што за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Според неа, значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН, кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720. Инвестираме и во ученичкиот и студентскиот стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти,.
„Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200, со опфатени 2.700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400“, нагласи Лазаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.