Македонија
(Видео) Ласовска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ официјално стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа. Унијата на жени е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), на Конгресот што се одржa во Виена од 18 до 19 октомври 2019 година.
Приемот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ следи откако Унијата ги помина сите потребни процедури кои следеа по поднесувањето на апликацијата за членство во март минатата година. Имено, откако ме назначија за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ веднаш формирав тим во декември 2018 година од членки на ИК на УЖ за подготовка на обемната документација што ја бара зачленувањето во ЕПП, рече Благица Ласовска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Воедно ја користам можноста јавно да им се заблагодарам за нивната посветеност на членките на тимот на УЖ кои со својата работа придонесоа ова членство да стане реалност. По комплетирањето на документацијата, веќе во март апликацијата беше поднесена и следуваше почитување на процедурите што ги бара организацијаа на жени на ЕПП. Програмата што ја поднесовме беше оценета како исклучителна и беше прифатена од сите членки на организацијата на ЕПП.
Со овој прием се заокружува вклученоста на сите структури на партијата во Европската народна партија, која е најбројната партија во Европскиот парламент и се потврдуваат европските аспирации на ВМРО-ДПМНЕ и придонесот на жените во креирањето на политики на европско ниво. Во рамки на програмскиот дел, на Конгресот на женската организација на Европската народна партија е усвоена и резолуцијата „Женски визии за подобра Европа”, која се однесува на приоритетите за делување на Европската комисија во периодот 2020-2024 година.
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период активно ќе учествува во креирањето и градењето и на политки од значење за жените од полето на родовата еднаквост која е наша обврска и зацртана цел, така и за креирање поле за активно вклучување на жените во политиката. Претставничките на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во текот на средбите со политичари и функционери од женската унија на ЕПП ги информираа своите соговорници за недемократското и расипничкото владеење на владата на Зоран Заев.
Во билатералните средби со членките на женската организација на ЕПП беше искажана јасната и недвосмислена поддршка и посветеност на ВМРО-ДПМНЕ кон европскиот па на Република Македонија. УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде активен чинител во придвижување на Македонија кон Унијата и запазување на европските вредности“, порача Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

