Македонија
(Видео) Лефков: Владата е спремна да прифати предлог што носи бесконечно преговарање со една цел асимилација
Овде сме на регионалниот пат Струмица – Радовиш, уште еднаш да кажеме громогласно НЕ за дипломатскиот нокаут што го доживеавме како држава. Се наоѓаме пред асимилација и бугаризација на Македонија. Тргнуваме во еден лавиринт, од кој ќе нема излез и се подготвува влез кој ќе биде бесконечно преговарање, а кој ќе има една цел – асимилација, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овде сме заедно со струмичани, заедно со луѓето од Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Радовиш, Гевгелија, Валандово. Практично целиот југоисток е овде за да кажеме громогласно НЕ. Конечно, неизбраниот премиер Ковачевски да го чуе својот народ, да ги слушне повиците на илјадници луѓе, што маршира во главниот град еден до еден и кои кажаа НЕ, не прифаќаме вакво понижување.
Време е да се чуе македонскиот народ и да престанат со игрите и она што го слушаме дека предлогот ќе дошол во Собранието. Еве од овде сите заедно со други колеги пратеници ве уверуваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го даде потребното мнозинство. Практично, преговараат за еден мртов предлог затоа што го немаат потребното мнозинство за отворање на Уставот. На овој начин се прави само поделба, дополнителна поделба и дополнително формализирано понижување на македонскиот народ.
Ние ова не го заслужуваме. Веднаш бараме да престане ваквиот понижувачки однос кон македонскиот народ. Македонци сме од памтивек и тоа ќе останеме засекогаш. Нема предавање, нема враќање назад. Таче, слушни го твојот народ и престани со понижувањето“, рече Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

