Македонија
(Видео) Локвенец: Се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија
Почитувани граѓани, ви честитам на историскиот успех, Македонија доби покана за влез во НАТО. Се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се реализираат децениски заложби на нашите граѓани, на сите досегашни влади и собраниски состави, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата.
Според него, лидерството на Македонија е препознаено, успехот е соодветно вреднуван. Македонија станува триесетта членка на НАТО, македонското знаме ќе се вее на 30. јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел.
„Членството во НАТО не само што обезбедува загарантирана безбедност и сигурност туку отвора пат до нови фондови, зголемена конкурентност, носи повеќе инвестиции, нови работни места, а со тоа и поголем квалитет на животот на сите граѓани. Како пратеници остануваме силно посветени на евроинтегративните процеси што обезбедуваат полноправно членство во ЕУ и НАТО. За таа цел Комисијата за одбрана и безбедност, денес донесе едногласен заклучок, на Собранието да му предложи декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата следниот вторник на 17 јули“, додаде тој.
Според Локвенец, по децениско уназадување, денеска гордо кажуваме дека Македонија оди напред и враќање назад нема. Македонија станува држава пример за решавање отворени прашања и проблеми, држава пример за интеграција, партнерство и сојузништво со демократскиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.

