Македонија
(Видео) Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има
СДС и Филипче на различна фрекфенција, како се стекнал Филипче со златна виза? СДС и Филипче имаат различни ставови за златната виза. Прво велеа дека нема златна виза, па Филипче призна дека има златна виза. СДС упорно го брани, а Филипче ги демантира нивните напори. СДС и Филипче се во тотален хаос, па по низа скандали со нивни членови со дрога, имаме молк, а за потеклото на златната виза, повторно молк од СДС и Филипче, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, повторно прашуваме, како Филипче се стекнал со златна виза? Дали преку инвестиции во Дубаи? Дали е ортак со Заев за градење на 50катница во Дубаи? Дали Филипче има добиено златна виза со инвестирање над 500 илјади долари во Дубаи? Исто така, за добивање на златна виза треба потврда од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина.
Го прашуваме Филипче, дали има студирано медицина во Дубаи и ако има, кога? Дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?“
Доколку, како што рече Манасиевски, Филипче не даде потврда за студирање во Дубаи, тогаш Филипче треба веднаш на македонската јавност да се извини, да си поднесе оставка и да одговори, како стигнал до златната виза за Дубаи и со кои пари.
Според него, СДС и Филипче тонат секојдневно во нови скандали.
„СДС и Филипче се демаскирани и прочитани.
СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

