Македонија
(Видео) Манасиевски: Филипче е послушник на Заев, кој сака да ги применува истите методи и шеми
„Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?
Дали Венко Филипче е воодушевен од Заев и тврди дека нема друг како него, заради начинот на кој рекетирал во Струмица?
Дали Венко Филипче е воодушевен од Заев, кој цела јавност го слушна како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето? Учи ли Филипче од Заев кој ја ограби Македонија, а после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо?“, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој дополнително прашува и дали Венко Филипче се бори во политиката за власт, за да може да работи по методот на неговиот учител Заев – евро за Вицето.
„Добро е што Филипче јасно им даде до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема, дека е ученик на Заев, негов послушник кој сака да ги применува истите методи и шеми, со кои ја опустошија Македонија“, додава Манасиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

