Македонија
(Видео) Маричиќ: Извештајот е најсилен доказ дека владата ја трансформира земјата по европски терк
Последниот извештај на Европската комисија за земјава претставува најсилен доказ за посветеноста на Владата да ја трансформира Северна Македонија по европски терк и да овозможи еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ од денешната прес-конференција.
„ Во извештајот ни оддадоа признание за добриот напредок на реформите во правосудството и борбата против корупцијата и се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Зголемени се напорите на Северна Македонија и остварени се видливи резултати како во судството, така и во борбата со корупцијата и организираниот криминал.
Ќе искористам зборови од извештајот кои се издвојуваат како најзначајни за постигнувањата на Владата: „Како резултат на нејзините реформски напори во последниве години, Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за именувања засновани врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси и дисциплински постапки“.
Воедно, се оддава признание за добриот напредок на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството во која се адресирани Итните реформски приоритети на Прибе, како и препораките од Венециската комисија.
Маричиќ нагласи дека Европската комисија има пофални зборови за проактивната улога на Судскиот совет, особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдувањето на дисциплинска одговорност и разрешувањето на судиите.
„Како успех се забележува и усвојувањето на Законот за Советот на Јавните обвинители, Законот за Јавното обвинителство и продолжувањето на постапките на СЈО преку кои ќе се утврди одговорност за злосторствата што произлегуваат од и околу незаконското прислушкување.
Воедно, се испраќа и една порака дека ни се потребни повисоки стандарди на однесување, а дека законите ни требаат и во пракса, а не само на хартија, цитирам: „Ефективната имплементација на законската рамка, како и зголемените напори на сите засегнати страни да покажат преку сопствениот пример, ќе придонесат кон зголемување на довербата на јавноста во судството“, истакна министерот за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

