Македонија
(Видео) Менкиноски: Единствен доказ за притворот на Камчев е белешката од АНБ
Адвокатот на бизнисменот Јордан Камчев, Тони Менкиноски на денешната прес-конференција изјави дека не е вистина тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност не е доказ во постапката во која е притворен Камчев.
Тој додаде дека сите решеније од судот со кои е ограничена слободата на Камчев, покажуваат дека експлицитно еден и единствен доказ е белешката на Агенцијата за национална безбедност.
„ Како што знаеме и како што виде македонската јавност, белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ ,изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка. Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки“ рече Менкиноски.
Тој праша зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ и дали Камчев претставува закана по националната безбедност?
Според адвокатот, без обезбедување на докази ја дале оваа информација до Јавниот обвинител Лиле Стефанова, што е чиста злоупотреба на службената положба во АНБ, а за која злоупотреба, како што рече некој ќе мора да сноси одговорност.
„ Кривична одговорност постои и за Јавниот обвинител Стефанова, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази предложила мерка притвор. Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека лицето Камчев припрема бегство! Кривична одговорност и за судиите од Кривичниот Совет кој по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор“ порача Менкиноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.

