Македонија
(Видео) Мизрахи: Потребни се ред и дисциплина, рационалност и самоконтрола
Доживеавме распад и страшни слики од војни секаде околу нас. Паметиме воени конфликти, масакри, бомбардирања, инфлации, сиромаштија, конфузија, стар систем, нов систем, понов систем, стари вредности, нови вредности. Се бараше од нас да се менуваме и постојано да се прилагодуваме. Но најстрашно е сега, порача поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
„Стигнавме до момент кога никој повеќе не верува, малкумина имаат надеж, а вистината е реткост. Алчноста ги извади оградите ветувајќи живот за сите, но донесоа ѕидови од омраза бранејќи се од народот. Донесоа цинизам и демагогија проткаени низ бесрамно продавање лаги и ни наредија да ги викаме демократија додека трае нивната автократија.
Почитувани сограѓани, се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе. Бессистемноста која ја создадоа ќе посегне по повеќе животи од невидливиот непријател.
Затоа, сограѓани во оваа битка мора да стоиме обединети. За да победиме мора да бидеме живи и здрави. Седете дома! Ако излегувате нека биде тоа наменски. Користете маски и ракавици. Дезинфицирајте. Штитете се себеси и вашите најмили и додека си го штитите своето семејство штитете ги и туѓите. Во овој момент логиката е едноставна. Вашите родители се и мои, вашите браќа и сестри се и мои браќа и сестри, вашите деца се и мои деца. Да го повторуваме ова секојдневно!
Потребни се ред и дисциплина, рационалност и самоконтрола. И најбитно од сè, останете силни. Овој народ од секогаш знаел како да го најде летото во себе и кога зимата била најстудена. Овој народ верува во нашето сонце и кога е темно. Во крвта ни е“, заклучи Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници“
Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работниц, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на пратеникот Бране Петрушевски.
„СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека државата нема пари за основно функционирање. Тоа Владата го потврди со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзници, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што рековме, кредитите за пополнување на дупката во буџетот од моменталните 2 милијарди, а таа ќе биде и многу поголема, мора некако да се вратат… како? Преку мигранти. Така функционира тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ. ВМРО води политика на „шибицарење“. Додека граѓаните ги читаат нивните измислици, пред нос ни носат 10.000 „економски работници“. Ќе објават лажна вест за „Дубаи“ или за „виза“, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието, за кој не смее да се зборува а целото внимание се насочува кон измислената виза“, пишува во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ објавуваат измислица „Венко гради 42 ката во Дубаи“, а тие во меѓувреме протнуваат закон за странци како вовед за носење мигранти.
„Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а тие носат 10.000 „економски работници“. Секојпат исто, лажни вести што СДСМ мора да ги демантира, за да не попречат во објавувањето на нивниот криминал и да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари. Затоа, граѓани на Македонија, знајте дека секогаш кога ќе излезе некоја измиелсна, фабрикувана афера, таа служи за ДЕФОКУС. Во позадина да се протурка она за што СДСМ зборува веќе два месеца. Каде се одговорите за дупката во буџетот, ниските плати и пензии? Каде се одговорите за криминалните тендери? Каде се одговорите за: 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга фирма преку општините, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Секогаш кога ќе прочитате текст од Геро, соопштение од Ивона Талевска, позната по врската со Латас, преку МАН, Алфа ТВ, ВМРО… нова измислена афера од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани, знајте дека уште една пљачка е во тек, а сето ова го прават за вие да не го видите тоа. Класичен дефокус, додека вратат милионски криминални тендери. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Македонија
Ѓорѓиевски го честита празникот Водици
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.
„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.

