Македонија
(Видео) Митева: Во Македонија со ДУИ и СДС најскапо е и косењето трева, институциите да постапат веднаш
Јавното претпријатие за државни патишта под власт на ДУИ и СДС плаќа најскапо косење трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење трева на македонските патишта одвојува 2 милиона евра, а цените по кои ги тарифира поединечните услуги се неколкукратно поскапи од тие во регионот, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„За потребите на оваа прес-конференција направивме споредба на договор за одржување патишта и косење трева во соседна Србија. Цената што ја плаќа Јавното претпријатие за државни патишта за косење м2 тревна површина според овој договор е 12 денари. Цената, пак, што за м2 ја плаќа српското претпријатие за патишта е еквивалент на 2 и пол денара, а косење трева на површини со тежок пристап, околу патни знаци и околу заштитна ограда, е еквивалент на 5 денари. Кога ќе се извади средната вредност, се доаѓа до цена нешто под 4 денари за м2, односно 3 пати помалку во однос на тоа што го плаќа Јавното претпријатие за државни патишта.
Таа праша на што се должи 3 пати повисоката цена што ја плаќа Јавното претпријатие за државни патишта во Македонија во однос на цената што се плаќа во Србија за косење м2 тревна површина покрај патот.
„Како може за една услуга во Македонија нашите претпријатија да плаќаат трипати повеќе од тоа што плаќаат исти такви претпријатија во регионот? Воедно, во Македонија оваа власт на ДУИ и СДС плаќа двојно за една иста работа, на активен договор за реализирање на оваа работа од страна на една институција тоа е „Македонијапат“, друга државна институција Јавното претпријатие за државни патишта склучува нов договор со друга фирма вреден 2 милиона евра.
Одговорот на овие прашања треба да биде предмет на истрага, која ЈО мора да ја отвори, а не да чека со денови ВМРО-ДПМНЕ и јавноста да алармираат.
Неконтролираното трошење народни пари преку тендери со преплаќање на услугите е првиот знак за корупција и оттука очекуваме реакција и од ДКСК, но и од сите други институции што имаат надлежност. Одговорност мора да има!“, порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

