Македонија
(Видео) Митревски:Членството во ЕУ носи повеќе инвестиции, нови европски фондови
Пред нас е историска, најдобра и фер шанса, која што имаме заедничка одговороност да ја искористиме.Со македонско-грчкиот договор вложуваме во нашата заедничка иднина. Обезбедуваме членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет, еднаш-засекогаш.Нашата татковина станува сојузиник на НАТО и ЕУ нациите кои имаат силен економски развој, изјави во Струга пратеникот на СДСМ, Јован Митревски.
Според него со членството во Европската унија ќе се зголемат значително фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе има многу повеќе пари и ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, пречистителни станици, училишта, градинки. Се тоа за подобар живот, за подобро утре на нашите деца.
,,Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.Пример за тоа се земјите коишто станеле членки на ЕУ. На пример, во периодот од 2004 до 2017 година, бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23% на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска.Конечно, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, го чуваме историското културно наследство, македонскиот јазик е признаен засекогаш.Поетска Струга најдобро знае колку значи тоа, за македонскиот јазик, за нашата култура, традиција, за нас”, рече тој.
Според Митревски, придобивките од членството во Европската унија се огромни. Интеграцијата на Македонија во ЕУ ќе значи зголемување на животниот стандард за сите наши граѓани но ќе значи и признавање на нашиот идентитет.
,,Од овде, од градот на поезијата, од градот на Миладиновци, од мултиетничка Струга ве повикувам заедно да ја донесеме одлуката за нашата иднина, за иднината на нашите деца.
На референдумот на 30-ти септември да кажеме да за членство во ЕУ и НАТО со зачуван идентитет.ДА за македонската иднина”, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

