Македонија
(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето.
Тој оцени дека состојбата со загадениот воздух е алармантна и се губат човечки животи, а Владата презема бледи чекори како маска за да се покрие неспособноста.
„Потребно е прогласување вонредна состојба за да се заштити здравјето на граѓаните. Владата да престане со празната демагогија и таа има обврска да го заштити здравјето на граѓаните преку спроведување примарни и секундарни мерки предложени од научната јавност“, порача Мицкоски и додаде дека последиците од несправувањето на власта со проблемот се преполни болници, деца и повозрасни што страдаат од респиратнорни заболувања и изгубено здравје.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека институциите треба да почнат суштински да се справуваат со проблемот, веднаш и без одложување. Секој поминат ден, вели Мицкоски, без решавање на проблемот, подразбира нарушено здравје и загубени животи. Според него, тоа што Македонија се наоѓа на првото место по најзагаден воздух во светот, подразбира дека сите мерки на институциите се неадекватни и несуштински.
Претседателот на најголемата опозициска партија предлага целокупна мобилизација на стручниот и научен потенцијал на државата, како и барање помош од странски експерти и користење на нивното искуство со справување со ваков тип проблем.
Одговорите и решенијата, вели Мицкоски во обраќањето, треба да ги даваат експерти, но и да се има политичка волја тие да се спроведат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.