Македонија
(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и СНС имаат одлична соработка, тоа се две партии кои работат за своите земји
„Успехот на една заедница се мери во тоа колку таа заедница е обединета и колку е вклучена во општествените текови во една држава. Тоа е рецептот како да се здобие почит, како да се даде придонес и како да се избориш за себе и за своите луѓе. Македонците во Србија се заедница која низ годините и децениите со својата вредна работа и со својата лојалност и посветеност изградила доверба и заслужено уважување во Србија. Тие се нашиот најдобар мост за соработка помеѓу народите и двете држави“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес имав можност да видам Македонци тука во Србија, да поразговарам со нив и да заклучам дека тие како и Србите во Македонија се чесни и вредни луѓе, домаќини кои придонесуваат за земјата во која живеат, но и за земјата која е нивна татковина.
Љубовта кон својот народ и кон својата земја е голема, и треба да биде сила која човекот го мотивира да направи нешто кое ќе значи негов личен успех, но и успех на заедницата на која и припаѓа.
Македонија во иднина ја гледам како земја пријател, но и партнер со Србија кои ќе се борат кој повеќе ќе направи за благосостојбата на своите граѓани, бидејќи само таква здрава компетенција и натпревар може да придонесат за општото добро на регионот.
Македонците во Србија се нераскинлив дел од овдешните општествени текови и како што можам да слушнам се исклучително почитувани, што мене многу ме радува. Ме радува секој успех на Македонците било каде на светот, но посебно би ме радувало да го видам тоа и во Македонија. Македонците умеат да ги препознаат политиките кои водат кон успех и тие политики да ги поддржат. Морам да истакнам и да потенцирам дека имаме како ВМРО-ДПМНЕ одлична сестринска соработка со политичката партија СНС.
Тоа се двете партии кои се борат за своите земји. Кога ќе ги прашаш Србите, тие ќе ти речат дека Македонците се вреден и питом народ кој придонесува и тоа ме прави посебно горд“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Верувам дека Македонците тука во Србија секогаш даваат поддршка на напредокот, на проектите и делата затоа што така прават вистински избор за себе и за своите деца, но и за земјата во која живеат. Тие дела лесно може да се проверат и да се измерат, било да се работи за инфраструктура, патишта, болници, детски градинки или да се работи за економски резултати како привлекување на инвестиции, нови фабрики и работни места.
Резултатите секогаш се гледаат и излегуваат на виделина. Некој ќе се обидува да ги покрива со маглата на дезинформациите но секој човек најдобро може да почувствува по себе и по својот живот што е добро, а што не. Не би сакал да правам паралели, но само сакам да потсетам, дека кај нас во Македонија пред 6 години јавноста беше залажувана со розови лаги за подобар живот, од луѓе кои никогаш ништо не сработиле и не направиле. Тие лаги сега распукаа како меур од сапуница и затоа Македонија се доведе во ситуација да биде на дното по сите економски параметри во регионот. Кога демагозите ќе стивнат, останува само горкото чувство дека ништо не сработиле.
Ние тоа го искусивме и верувајте не е воопшто полезно. Веруваме само во работата и резултатите од таа работа.
Ги повикувам Македонците да се вклучат активно во политичкиот живот тука во Србија. Да бидат гласни и да одбираат мудро за својата и за иднината на своите деца. Политичкиот активизам и учество е своевидна обврска за секој човек и за секоја заедница, за да не дозволи друг да ги прави изборите наместо нив.
Да бидеме сами креатори на својата судбина. Ќе повторам, ако Македонците се перцепирани како домаќини и вредни луѓе, логично е да изберат политичари кои наликуваат на нивниот карактер, да изберат домаќини кои градат и кои создаваат“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со другите партии.
Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.
Трите значајни точки врз кои ќе почиваат преговорите за коалициските партнери во новата влада се: економски силна држава преку реформи и чекори, кои ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард; фронт против криминалот и корупцијата и постигнување правда; реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции преку дијалог и исполнување принципи.
Мицкоски рече дека очекувањата се големи, а одговорноста кон народот уште поголема.
Партискиот лидер уште пред изборите најави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да коалира со албанскиот опозициски блок „Вреди“, а не со ДУИ, а за која партијата смета дека треба да замине во опозиција.
Македонија
АРМ во Охрид ќе реализира показна вежба: ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти
Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека утре во периодот од 10.00 до 12.00 часот во водите на Охридското езеро во близина на центарот за обука на вода во Охрид, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат показна вежба – препад на пловен објект.
За време на вежбата ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата.
СВР Охрид, ги известува граѓаните дека, во врска со оваа активност, денеска во периодот од 13 до 15 часот, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ, на истиот простор ќе изведат подготвителни активности со цел, успешна реализација на утрешната показна вежба.
Македонија
Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно
Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните. Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој истакна дека вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години.
„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните“, рече Муцунски.
Во врска со претседателските избори, истакна дека разликата помеѓу победничката Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови.
Со последните прсметки, ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратенички мандати, ДУИ-19, СДСМ-18, ВЛЕН-13, и Левица и ЗНАМ по шест.