Македонија
(Видео) Мицкоски ги објави имињата на кандидатите за пратеници: над 95 отсто нови кадри
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по заседавањето на Централниот комитет на партијата, ги објави имињата на кандидатите за пратеници на опозициската коалиција. Тој нагласи дека на листата 95 проценти се нови имиња, луѓе што првпат ќе бидат дел од листата што ќе ги опфати кандидатите за пратеници.
„Можам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број нови имиња, нови кадри и врвни индивидуи, кои се обединуваат за нашата мисија за обнова на Македонија. Можам да соопштам дека идниот пратенички состав, а потоа и идната влада, ќе ја сочинуваат најголем број нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција за која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе почне да ги менува работите. На сцената ѝ даваме шанса на новата генерација, која мора да се избори за подобра иднина. Сакам да им се заблагодарам на досегашните пратеници и воедно ќе посочам дека влеговме во битка каде што секој човек е важен“, порача Мицкоски.
Во изборната единица број 1, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:
1. Проф. д-р Гордана Сиљаноска-Давкова од Центар,
2. Д-р Тимчо Муцунски од Центар,
3. Доцент д-р Синиша Стојановски од Аеродром,
4. М-р Бети Стаменковска-Трајковска од Кисела Вода,
5. коалиција,
6. коалиција,
7. Проф. д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Центар,
8. Тони Јаревски од Карпош,
9. Сафет Бишевац од Студеничани,
10. Весна Марковска од Аеродром,
11. Игор Никовски од Кисела Вода,
12. Ружица Николовска од Карпош,
13. коалиција,
14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,
15. Јасмина Паметковска од Сопиште,
16. Мартин Стојановски од Сарај,
17. Филип Ѓорѓиев од Центар, предлог на УМС,
18. Тамара Михајловска од Аеродром, предлог на УМС,
19. Сергеј Попов од Центар, предлог на УМС и
20. Бисера Златеска од Македонски Брод, предлог на УМС.
Во изборната единица број 2, Централниот комитет ја утврди следната листа на кандидати за пратеници:
1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
2. Д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
3. Бране Петрушевски од Куманово,
4. коалиција,
5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
6. Дарко Костовски од Бутел,
7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
9. Емилија Ангелова од Чаир,
10. Кети Димковска од Куманово,
11. коалиција,
12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
17. Борче Илиевски од Бутел,
18. Искра Крстевска од Чаир,
19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
20. Тихомир Алексовски од Куманово.
Во изборната единица број 3, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:
1. Игор Јанушев од Велес,
2. Иван Јорданов од Штип,
3. Благица Ласовска од Свети Николе,
4. Д-р Иванка Василевска од Скопје,
5. коалиција,
6. Игор Здравковски од Велес,
7. Миле Лефков од Кочани,
8. Никола Мицевски од Штип,
9. Даниела Христова од Виница,
10. Марија Петрушевска од Петровец,
11. Драган Ковачки од Делчево,
12. Јохан Тарчуловски од Скопје,
13. Весна Ничева од Штип,
14. Анри Андоновски од Крива Паланка,
15. Д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,
16. Цветанка Каракашева од Пехчево,
17. Верче Мицевска од Илинден,
18. Христина Смилевска од Делчево,
19. Киро Нацков од Градско и
20. Лидија Анакиева од Зрновци.
Во изборната единица број 4, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:
1. Александар Николовски од Охрид,
2. Ане Лашкоска од Прилеп,
3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
4. Ели Панова од Струмица,
5. Зоран Јованчев од Кавадарци,
6. Петар Ристески од Прилеп,
7. Проф. д-р Здравко Трајанов од Радовиш,
8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
9. Златко Пенков од Неготино,
10. Д-р Јадранка Поцкова од Струмица,
11. коалиција,
12. коалиција,
13. Дејан Бошков од Валандово,
14. Ирена Стерјоска-Локвенец од Прилеп,
15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
16. Димитар Лазаревски од Могила,
17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
18. Златко Темелковски од Кукуречани,
19. Владимир Ристов од Струмица, предлог на УМС и
20. Александра Свајќароска од Прилеп, предлог на УМС.
Во изборната единица број 5, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:
1. Игор Дурловски од Битола,
2. Антонио Милошоски од Кичево,
3. Д-р Силвана Ангелевска од Битола,
4. Д-р Кирил Пецаков од Охрид,
5. Јован Јаулески од Струга,
6. Д-р Олга Лозановска од Битола,
7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
8. Лидија Петкоска од Охрид,
9. Мирче Аџиовски од Струга,
10. Грација Бакрачевска од Охрид,
11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
12. Бобан Бојковски од Битола,
13. Билјана Проеска од Крушево,
14. Тасин Ибраим,
15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
16. Олгица Божиновска од Кичево,
17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
19. Жанета Савевска од Ресен и
20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.
Во изборната единица број 6, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:
1. Дафина Стојаноска од Гостивар,
2. Александар Велјановски од Тетово,
3. Фуркан Чако од Гостивар,
4. Стојан Тодоровски од Брвеница,
5. Јасминка Богдановска од Теарце,
6. коалиција,
7. Анита Бошковска-Јовановска од Тетово,
8. Милан Јовановски од Гостивар,
9. Никола Крстовски од Јегуновце,
10. Верица Зафировска од Теарце,
11. Бране Стојчевски од Брвеница,
12. Станислав Бојчевски од Тетово,
13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,
14. Татјана Стојановска од Јегуновце,
15. Александар Гиновски од Теарце,
16. Стојан Стрезовски од Гостивар,
17. Валентина Стефановска од Тетово,
18. Костадин Гогов од Тетово,
19. Маја Зафировска од Брвеница и
20. Билјана Тошевска од Јегуновце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“.
„Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, додавајќи дека добил доверба од граѓаните и дека „таа доверба нема да биде изневерена“.
Според него, за три месеци се намалени обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивни трошоци и воведување финансиска дисциплина, а стабилизирана е и исплатата на платите во јавните претпријатија.
Ѓоргиевски информира дека биле отстранети над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа, како и дека е спроведена акција за чистење во која, како што наведува, учествувале над 2.500 луѓе, стотина возила и биле отстранети повеќе од 4.500 тони отпад за 72 часа.
„Скопје повторно почна да дише“, наведува тој.

Градоначалникот посочува дека се деблокирани клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај „Момин Поток“, булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница, улиците „Љубљанска“ и „Перо Наков“, како и реконструкцијата на „Фрањо Клуз“.
Почнува изградба на нови кружни текови, булевари и монтажни катни гаражи, како и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“.
Во делот на јавниот превоз, наведува дека со поддршка од Владата се работи на модернизација со нови еколошки автобуси и проекти за современ транспорт.
Ѓоргиевски информира и за уредување нови зелени површини, расчистување на Вардариште, изградба на Луна парк, како и за набавка на нов мебел, компјутери, интерактивни табли и прочистувачи на воздух за средните училишта. Посочува дека Скопје останува Европска престолнина на културата 2028.
Во обраќањето тој наведува дека буџетот за 2026 година е повисок и развоен, со рекордни капитални инвестиции во образование, култура, инфраструктура и животна средина.
„Наследивме долгови, но градиме стабилна иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта и достоинството“, наведува градоначалникот.
Ѓоргиевски упати благодарност до Советот на Град Скопје, до својот тим и до премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека „со дела, како никој во минатото покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и вистинска поддршка за Скопје“.
Македонија
Промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија
Амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска беше полн – претставници од Министерството за здравство, деканот и продеканите на Медицинскиот факултет, раководители на катедри, голем број професори, доктори, специјализанти и претставници на студентски организации присуствуваа на свечената промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија, со што се испиша историја во македонската психијатрија.
Уредници на првиот акредитиран учебник „Психијатрија“ се проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, проф. д-р Антони Новотни и проф. д-р Димитар Боневски. Тие се и автори на учебникот „Медицинска психологија и социологија“, заедно со Андромахи Наумовска, виш научен соработник.
Промоцијата на двата учебника ја отвори деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, кој рече дека учебниците ќе остават траен белег во наставата по психијатрија и ќе претставува значаен чекор напред во развојот на психијатриската наука во Македонија.
„Ова е историски момент, затоа што се темели на основите поставени од нашите професори од почетоците на психијатријата во Македонија. Ова се први учебници што се акредитирани и имаат академско, научно и практично значење“, рече Арсова Хаџи-Анѓелковска, директорка на Клиниката за психијатрија и автор на учебниците.
„Информации има насекаде, често расфрлани, без контекст, без тежина, без проверка. Учебникот е нешто сосема друго – тоа е знаење, со вткаено искуство, структура, логика, клиничко размислување, сомнежи, одговори, приоритети – тоа е учебникот што се обидувавме да го направиме и се надевам така ќе го доживеат нашите колеги“, рече во своето обраќање проф. д-р Антони Новотни.
Во однос на учебникот по „Медицинска психологија и социологија“, авторите кажаа дека станува збор за издание кое треба да го прочита секој доктор, бидејќи станува збор за водич за целосно разбирање на пациентите – како личност со своја историја, ставови, надежи и ресурси и дека тука лежи суштината на медицинската психологија – во спојот меѓу науката и човечноста.
Во знак на благодарност за минатиот труд и придонес во развојот на катедрата и наставата, директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, Славица Арсова им додели благодарници на професорите во пензија од Универзитетската клиника за психијатрија и на рецензентите, за значаен придонес во развојот и унапредувањето на психијатријата.
Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.

