Македонија
(Видео) Мицкоски: Изборот е меѓу СДСМ и неговите истрошени транзициски политичари и ВМРО-ДПМНЕ и политичари кои ќе работат за доброто на народот
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со граѓаните во Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на овие избори практично се определува иднината на нашите граѓани, на нашите потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.
„Ова не се какви било избори и се поразлични од сите избори што сме ги имале во минатото. На овие избори изборот е меѓу СДСМ и неговите политичари, кои се практично истрошени транзициски политичари, кои од времето на транзицијата ги гледаме без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми, кои, мора да признаете, по овие 3 години се зголемија. Ова се избори кога ќе треба да избереме помеѓу срамот, понижувањето и свиениот ‘рбет што ги донесе СДСМ и избори кои ќе донесат чест, гордост и исправена глава. Ова се избори помеѓу криминалот и корупцијата спакувани во чанта Луј Витон и борба за правда, почитување на законите. Јас сум убеден дека повие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’“ потенцираше Мицкоски.
Тој од Македонска Каменица порача дека веднаш по победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите и сето она што ни се случуваше во минатото, а кое претставуваше проблем за нашите сограѓани да се реши. Според Мицкоски, треба многу труд, многу работа, мака, посветеност и затоа кога зборува за политичари кои одлучиле да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ зборува за луѓе кои се одлучни да бидат херои, да испишат нова историја.
Нивната матрица е составен од 4 чекори. Првиот чекор секогаш е предизборна лага, ќе дојдат овде пред вас, ќе ве гледаат во очи со раката на срцето, ќе ви зборуваат за жицата, за семето и ќе ви кажат по некоја лага мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат вашата доверба и ќе заминат. Потоа вториот чекор е националниот срам, понижување и предавство, потоа следи третиот чекор грабеж и криминал и на крај е заробено обвинителство и судство за пресметка со политичките неистомисленици, потсети тој.
Мицкоски рече дека поминало времето на политичари елитисти кои забораваат да креваат телефон кога ќе ги побара некој, се фино залегнати во кожени фотелји и газат црвени персиски килими во владата и се возат во климатизирани лимузини платени со народни пари.
„Сега доаѓа време на политичари кои овде заедно со народот ќе разговараат што му треба на народот. Доаѓа време на луѓе кои чесно ќе работат за интересите на сопствениот народ. Ние напишавме програма што ја нарековме ‘Обнова’ од 360 страни каде ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25%, како до 20% повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10%. 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, за угостителите намалување на данокот за додадена вредност, историски најнизок рамен данок од 8%, 640 милиони евра субвенции за земјоделците“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

