Македонија
(Видео) Мицкоски: Летувајте во Македонија, на планина или езеро
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните да летуваат во земјата, на планина или езеро, и со тоа да помогнат за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.
„Доаѓа летото и многумина од семејствата со право си ги поставуваат дилемите каде би го поминале својот годишен одмор или, пак, можеби продолжен викенд за релаксација со најблиските. Секој има право на заслужен одмор. Тоа е нешто што секое семејство го заслужува.
Но, тоа носи и извесни дилеми ако се знае дека поминуваме низ тежок период на економска и здравствена криза. И оправдано со тоа, и грижите за зачувување на здравјето, но и обезбедување финансиски средства тој да се намири. Кризата нè учи да бидеме рационални и да им помагаме на другите.
Секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Летувајте во Македонија, на планина или езеро. А Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди.
Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така му помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите се повеќе среќа, подобра заедничка иднина“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

