Македонија
(Видео) Мицкоски по средбата со Орбан: Добивме недвосмислена поддршка од унгарските пријатели
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, е во Будимпешта на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека добиле недвосмислена поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија.
„Утрото го почнавме со работен појадок кај министерот за надворешни работи, господинот Петер Сијарто, а денот го продолживме на еден работен состанок со претседателот на владата и големиот пријател на Македонија, господинот Виктор Орбан. Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, ги пренесоа нивните искуства во справувањето со ковид-пандемијата, која иста така се чувствува и овде во Унгарија.

Истовремено, зборувавме за блокираниот пат на Македонија во рамките на Европската Унија и нашите домаќини го споделија своето искуство како течеа преговорите кога Унгарија практично стануваше членка на Европската Унија.
Од страна на домаќините уште еднаш беше реафирмирана недвосмислената поддршка за Македонија, за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија и недвосмислената поддршка во евроинтегративниот процес да Македонија еден ден да биде членка на Европската Унија.
Да напоменам дека еврокомесарот за проширување, господинот Оливер Вархељи, потекнува токму од нашата сестринска партија Фидеш. Ги продолживме разговорите за внатрешните случувања во рамките на ЕНП (Европската народна партија), се согласивме и го поздравивме изборот на новиот претседател на нашата сестринска партија ЦДУ во Германија и очекуваме плодна заедничка работа помеѓу сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ – Фидеш и ЦДУ“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

